Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најавен протест в четврток пред Влада – „Системот што требаше да нè заштити, нѐ остава да умираме“
Македонија

Најавен протест в четврток пред Влада – „Системот што требаше да нè заштити, нѐ остава да умираме“

08/04/2025

AA

Од иницијативата „Кој е следен“ најавија нов протест за во четврток.

Протестот е закажан за во 18 часот пред Влада, од каде ќе се упатат кон Судски совет, па Собрание и на крај завршува пред Кривичниот суд.

„Системот заборава – но, ние не забораваме. Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да нè исплашат, секоја неправда со која сакаат да нè замолчат.

Тоа што нѐ напаѓаат, значи дека нѐ слушаат и ни потврдуваат дека ја зборуваме вистината, а вистината ги вознемирува само оние што профитираат од нашето секојдневно страдање.

Два месеци бараме промени, но ништо не се менува! По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки.

Во изминатите два месеци, ние покажавме дека сме гласот на сите што беа понижени, игнорирани и обесправени во овие 35 години.

Затоа, ако си работник што гине на работно место без основни работни услови, мајка што не спие додека детето не се врати дома, младо лице што заминува затоа што нема за што да остане, студент што плаќа за „бесплатно“ образование, доктор што работи со скршена опрема, учител кој е оставен сам на себе, пензионер што одвај преживува, ако си граѓанин на кој системот му го одземал достоинството – ова е твојот повик.

Системот што требаше да нè заштити, нѐ остава да умираме. Пратениците кои треба да нѐ претставуваат, нѐ оставија да се претставуваме сами, судиите кои треба да донесат правда, ја одложуваат додека таа не стане бесмислена.

Време е да се разбудиме. Време е да го промениме системот. Ова не е марш на ,,Кој е следен?”. Ова е повик за здружување, против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме. Но, ние не забораваме. Ние паметиме. И затоа, не заминуваме. Не се повлекуваме. Излегуваме на улица. Повторно. Погласно. Појасно“, велат од иницијативата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45189
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот во Струмица

22/08/2026

Голем пожар попладнево се прошири во атарите на селата Баница и Водоча и месноста Софилар, при што огнената линија стигна

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026

Бројот на пожари на отворен простор во земјава продолжува да расте. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026

Големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица продолжува да се гаси, а во интервенцијата е вклучен и еден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy