Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска Кочоска и Николовски: Царината демонстрира посветеност во справувањето со криминалот, успешно спроведена акција и спречено криумчарење на злато од половина милион евра
Македонија

Димитриеска Кочоска и Николовски: Царината демонстрира посветеност во справувањето со криминалот, успешно спроведена акција и спречено криумчарење на злато од половина милион евра

08/04/2025

AA

Царинската управа спроведе успешна акција на спречување обид за криумчарење злато на Скопскот аеродром во вредност од половина милион евра. Денека на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот на Царинската управа Бобан Николовски оценија дека ова претставува дел од секојдневните дејствија на Царината и ја демонстрира посветеноста во справувањето со криумчарење и шверц на секаков вид стока.

„Царинската управа демонстрира силна посветеност во справување со криминалот и криумчарењето. Потврда за тоа покрај оваа акција се и податоците за рекорден број поднесени кривични пријави на месечно ниво кои од ноември минатата година до март годинава се двоцифрени и се движат од 15 до 21 кривична пријава“, рече министерката.  

Таа додаде дека ова се промените кои ги најавувавме и постапките кои покажуваат дека институциите кога сакаат имаат капацитет да одговорат на задачите согласно законските прописи. „Тоа, според неа,  е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и да не подлегнеме под никакви притисоци во извршување на зададените задачи кои се поткрепени со законски прописи. Постои  цврста волја од сите во Владата да го воспоставиме тој ред и да изградиме ефикасни и функционални институции, со тоа и функционален систем,  кој ќе одговори на потребите на граѓаните и бизнисот.  Да покажеме и да докажеме дека имаме капацитет и дека можеме да се справиме со предизвиците и во државата да создадеме стабилни и подобри услови за живот“, рече министерката.

Министерката потенцира дека покрај борбата со криминалот Царинската управа постигнува позитивни резултати во делот на наплатата на увозните давачки, кои од почетокот на годината бележат раст од 17% во споредба со тој период минатата година.

Николовски во врска со акцијата информираше дека царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, спречиле обид за криумчарење на златен накит во вредност од 479.555 евра од страна на двајца патници, брачен пар,  кои пристигнале со лет на редовната линија Виена – Скопје. Во акцијата, како што рече, еден од осомничените е селектиран за детална царинска контрола при што е забележано дека двата куфери се наполнети со празни кутии наменети за накит, при што еден од куферите бил во сопственост на неговата сопруга. При претрес на рачниот багаж што го носела неговата сопруга со себе е пронајдена поголема количина на непријавен златен накит од кои некои со парчиња дијаманти и друг драгоцени камења. Односно 89 парчиња златни прстени со тежина од 599,2 грама во вредност од 203.169 евра, 17 парчиња златни нараквици со вкупна тежина од 215,3 грама и вредност од 55.748 евра, 23 парчиња златни ланчиња од 107 грама со вредност од 39.260 евра, 52 пара златни обетки со тежина од 238 грама во вредност од 97.258 евра, 10 парчиња златни нараквици со вкупна тежина од 68,3 грама во вредност од 19.300 евра и 18 парчиња златни ланчиња со тежина од 483,3 грама во вредност од 64.820 евра или вкупно 209 парчиња златен накит со вкупна тежина од еден килограм и 711 грама.Како што соопшти директорот Николовски до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за две лица со белгиско државјанство за сторено кривично дело криумчарење, казниво по член 278 од кривичниот законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО СОБРАНИЕТО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ

17/12/2025
Македонија

МАГЛА ВО ДЕБАРСКО, ВИДЛИВОСТ ДО 50 МЕТРИ Препорачана е прилагодена

17/12/2025
Македонија

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за

17/12/2025
Македонија

ТРЕНЧЕВСКА И ТРАЈАНОВСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ Избрани се и членови

16/12/2025
Македонија

9 месеци од трагедијата „Пулс“

16/12/2025
Македонија

Филипче го соопшти новото раководство на СДСМ: Формираме тим за

16/12/2025
Македонија

Дополнителни 15 милиони евра за „Бехтел и Енка“ од буџетот

16/12/2025
Македонија

МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕВРОПА Со или без почнати

16/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО СОБРАНИЕТО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ Еве кои клучни новини

17/12/2025

Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет, објави Министерството за правда. Законот

МАГЛА ВО ДЕБАРСКО, ВИДЛИВОСТ ДО 50 МЕТРИ Препорачана е прилагодена брзина на движење на повеќе

17/12/2025

Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за мигрантите тој им прави лоша

17/12/2025

„Она што мислам дека не е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy