Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР уапси 23 лица, 49 осомничени за корупциска шема во здравството и социјалата
Македонија

МВР уапси 23 лица, 49 осомничени за корупциска шема во здравството и социјалата

24/04/2025

AA

По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар. Во акцијата од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогонот. Станува збор за основано сомнение за извршени низа кривични дела со кои е направена штета на државниот буџет.

Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 49 лица.

Имено, во текот на 2023 година првоосомничената порано вработена на универзитетска клиника заедно со други двајца осомничени создале злосторничко здружение – група, која имала за цел вршење на кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Примање поткуп“, „Давање поткуп“, „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Давање награда за противзаконито влијание“. Во меѓувреме припадници на групата станале уште деветмина осомничени од кои двајца како лекари специјалисти биле претседатели на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес, а останатите лекари специјалисти вработени во ЈЗУ Општа болница Велес, Универзитетска клиника за неврологија Скопје, ПЗУ – ординација за општа медицина и специјалистички ординации од Велес, адвокат од Велес и службено лице во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово.

Заради стекнување со противправна имотна корист, криминалната група од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барала и примала парични средства – поткуп или награда за противзаконито влијание. За возврат организаторите и припадниците на криминалната група преземале противправни дејствија на директно или индиректно давање или нудење на парични награди, поткуп на службени лица, како и противправни дејствија на директно или индиректно примање на парични награди или поткуп со што на барателите им обезбедувале исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега. За остварување на право на туѓа нега тие ги пријавувале барателите што давале поткуп кај матични доктори кои вршат дејност во Велес со цел надлежна за постапување да биде Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“ чиј поранешен и актуелен претседател на комисијата се членови на групата. Така, членовите на групата без присуство на лицата кои давале поткуп обезбедувале фиктивни медицински прегледи кај матичните доктори, како и клинички или болнички прегледи кај лекари и медицински лица. Воедно осомничените со преземање на противправни дејства изготвувале, обезбедувале и употребувале медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација со невистинита содржина. Со преземените дејства осомничените ги заобиколиле одредбите од Законот за социјална заштита каде се утврдени условите за добивање на парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење. Припадниците на криминалната група влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките и донесување одлуки во корист на барателите надвор од нивното место на живеење, иако законски надлежна институција за водење на оваа постапка се Центрите за социјална работа според местото на живеење на барателот.

Паралелно, во истиот временски период во текот на 2023 година вработена на Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади, заедно со првоосомничената и двајца други осомничени создале злосторничко здружување – група, која имала за цел вршење на истите кривични дела како и претходната група. Припадници на групата станале уште 12 осомничени од кои тројца се припадници и на првата група. Оваа група континуирано ги извршувала кривичните дела при што нејзините членови се стекнале со противправна имотна корист. Организаторите и припадниците со координирани дејствувања барале и примале парични средства – поткупи од лица баратели на право на инвалидска пензија користејќи идентичен modus operandi како и првата група. Со преземените дејствија осомничените членови на групата на барателите им обезбедувале исполнување на услови за успешно водење на постапките за стекнување со право на инвалидска пензија, врз основа на која припадниците на криминалната група-членови во Комисиите со искористување на своето реално влијание и службената положба овозможиле успешно водење на постапката за стекнување со право на инвалидска пензија, како и донесување одлуки во корист на барателите на право на инвалидска пензија кои дале поткуп.

Според дејствијата содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка на останатите осомничени им се ставаат на товар кривичните дела и тоа: на три матични лекарки кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, 16 осомничени кои понудиле и дале поткуп заради обезбедување на медицинска документација со невистинита содржина се осомничени дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп, додека на девет осомничени кои се согласиле и дале парична награда на товар им се става кривичното дело – Давање награда за противзаконито влијание. Припадниците на групите освен за кривично дело Злосторничко здружување се осомничени и за други кривични дела и тоа: пет лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, четири лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, три лица за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во текот на денешниот ден осомничените се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд. Обвинителството имајќи ги предвид кривичните дела сторени од секој осомничен поединечно како и висината на запретените казни и исполнетоста на околностите за определување на мерки за обезбедување за 12 осомничени предложи определување на мерка притвор, додека за три лива мерка куѓен притвор, за останатите лица се предложени мерки на претпазливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Со вода почна да се полни градилиштето каде настана

25/05/2026
Македонија

Савески за кочанската трагедија: По изведување на доказите ќе се

25/05/2026
Македонија

Уапсени14 возачи за безобѕирно управување возило, 9 возеле без возачка

25/05/2026
Македонија

Уапсена мајката: Малолетничка со породилни болки донесена на Клинички

25/05/2026
Македонија

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот –

25/05/2026
Македонија

Деветгодишно дете нападнато од други малолетници, добил и закани од

25/05/2026
Македонија

Македонското здружение на Србите што демонстрираше поддршка на Вучиќ во

25/05/2026
Македонија

Хорор во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни

25/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43454
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Со вода почна да се полни градилиштето каде настана свлечиште

25/05/2026

Градилиштето каде денеска настана свлечиште од попладнево почна да се полни со вода. Претходно имало пумпи, но со свлечиштето и

Савески за кочанската трагедија: По изведување на доказите ќе се добие јасна слика дали правната

25/05/2026

Интервју со републичкиот јавен обвинител за трагедијата во Кочани Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, во интервју за неделникот „Фокус“ детално

Уапсени14 возачи за безобѕирно управување возило, 9 возеле без возачка дозвола

25/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy