Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски ѝ одговори на бугарската министерка: Македонците се Македонци, тоа е прашање на почит
Македонија

Муцунски ѝ одговори на бугарската министерка: Македонците се Македонци, тоа е прашање на почит

11/05/2026

AA

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски реагираше на изјавите на неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека меѓу нив немало официјална билатерална средба за време на денешните активности во Брисел.

„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Неговата реакција следува откако бугарската министерка изјави дека со Муцунски имала „добра прва средба“ и повтори дека Скопје треба да се придржува до договореното со Европската унија во 2022 година, вклучително и уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Муцунски реагираше и на употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на бугарската министерка.

„Би сакал да потсетам дека користењето на терминот ‘северномакедонски’ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ“, истакна тој.

Шефот на македонската дипломатија нагласи дека прецизноста во дипломатската комуникација претставува израз на меѓусебна почит.

„Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит“, порача Муцунски.

Тој додаде дека очекува наскоро да има вистинска средба со бугарската министерка, во, како што наведе, „пријателска и позитивна атмосфера“, насочена кон добрососедски односи и заедничката европска иднина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy