Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје и Софија да гледаат кон иднината, а не кон минатото
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје и Софија да гледаат кон иднината, а не кон минатото

08/10/2026

AA

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски истакна дека Македонија е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и дека, според досегашното искуство и резултатите, се докажала како одличен кандидат за членство.

Тој ја парафразираше претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која при неодамнешната посета на Скопје ја пофали работата на земјава во рамките на Реформската агенда, со помош од еврокомесарката за проширување Марта Кос и нејзиниот тим.

Тој нагласи дека Македонија очекува токму нејзините постигнувања и досегашниот резултат да бидат основа за оценувањето кога ЕУ ќе биде подготвена да донесе одлука за нејзиното членство.

Министерот додаде дека проширувањето отсекогаш било политичка одлука што ја носат земјите-членки со консензус, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи одговорно и проактивно да работи на изнаоѓање решенија.

– Ние ќе го направиме нашиот дел. Ќе бидеме одговорни, ќе бидеме проактивни во изнаоѓањето решенија за прашањата, но решението никогаш не зависи исклучиво од нашата страна – рече Муцунски.

Тој порача дека Македонија во односите со соседите и со земјите-членки на ЕУ ќе продолжи да се раководи од добрата волја и почитувањето на меѓународното јавно право.

– Во сите наши односи со сите наши соседи и со сите земји членки во Европската Унија, секогаш ќе се однесуваме врз основа на добрата волја и почитувањето на меѓународното јавно право – истакна Муцунски.

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова оцени дека има напредок кај земјите од Западен Балкан во процесот на европската интеграција и изрази надеж дека тоа ќе се однесува на сите земји од регионот, вклучително и нашата земја. Таа нагласи дека секторската соработка е важна, но дека за напредок е потребна и континуирана политичка волја.

– Важно е да ја одржуваме секторската соработка, но таа е само еден елемент, и важно е политичката волја во оваа насока да продолжи да постои, за навистина во следните години да видиме развој и во оваа насока – рече Петрова Чамова.

Во однос на претстојната средба таа изјави дека ја гледа како нормален дел од билатералниот дијалог меѓу двете земји и посочи дека очекува довербата да се гради преку конкретни чекори и исполнување на преземените обврски.

– Ја доживувам оваа средба како нормален дел од билатералниот дијалог меѓу две земји. Што се однесува до градењето доверба, сметам дека најдобриот пристап за градење доверба е исполнувањето на преземените обврски – додаде таа.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, одговарајќи на прашањето за очекувањата од средбата, рече дека двајцата министри самите ќе ги соопштат по средбата, но нагласи дека за Европската комисија особено важно е градењето доверба и соработката во областите каде што тоа е можно. Според неа, токму таквата соработка може да ги отвори вратите за поширока соработка, а регионалната соработка и добрососедските односи се меѓу основите на Европската Унија.

– Многу е важно да се гради довербата. Ние сме на добар пат, а исто така сме на пат да соработуваме во областите каде што тоа е можно, и можеби тоа може да ни ги отвори вратите за поширока соработка – рече Кос.

Таа нагласи дека Коридорот 8 е пример за европски проект и за поврзување на земјите, посочувајќи дека Северна Македонија и Албанија се земји кандидати, Бугарија е земја членка, а мрежата на поврзаност може да се прошири и кон Романија, Грција, Италија и Косово.

Кос порача дека иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно.

– Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме – истакна Кос.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје

08/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат

08/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ДОЗВОЛИ БУГАРСКИ ЛЕКАРИ ДА ЈА ПРЕГЛЕДААТ ИВА МИХАЈЛОВА За

08/10/2026
Македонија

АПАРАТИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА БИЛЕ НАБАВЕНИ СО ОДЛУКА НА

08/10/2026
Македонија

ПОСЛУЖИЛ МАЛОЛЕТНИК СО АЛКОХОЛ, ПА ТОЈ СЕ СТЕПАЛ Кривична пријава

08/10/2026
Македонија

ГИ ИСТЕПАЛ СИНОТ, СОПРУГАТА И БРАТОТ Приведен насилен битолчанец

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46057
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИ Дадени се укажувања

08/10/2026

Пресудата на Апелација Скопје за убиството на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски е напишана и е испратена во

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ Закажана

08/10/2026

Апелацискиот суд на 10 декември ќе одржи јавна седница за предметот со автобуската несреќа на „Дурмо турс“ кај Ласкарци, откако

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат колегите за нејзина употреба

08/10/2026

Околу 200 наставници од 80 средни училишта поминаа деветмесечна обука за вештачка интелигенција, а на 100-те најуспешни денеска им беа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy