Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Москва: Нашиот став за договорот со Украина се промени
Македонија

Москва: Нашиот став за договорот со Украина се промени

15/05/2025

AA

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ставот на Москва за евентуален мировен договор со Украина се променил за да ги одрази вестите од бојното поле, каде што руските сили остваруваат територијални придобивки во последните недели.

На прашањето на Ројтерс дали ставот на Русија останал ист како во јуни 2024 година, кога Владимир Путин побара Украина формално да се откаже од членството во НАТО и да ги повлече своите трупи од четири украински региони што Русија ги смета за свои, портпаролката Марија Захарова одговори:

„Да, има промени во ставот на Русија. Овие промени се засноваат на промени на терен“, рече Захарова. Сè уште се чека потврда дали имало директен контакт меѓу украинската и руската делегација во Турција.

Преговорите меѓу делегациите од Русија и Украина за прекин на огнот се закажани за денес во Истанбул, без конкретен датум за нивното започнување, а беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин.

Иако во медиумите се шпекулираше дека Путин можеби лично ќе присуствува на преговорите, тој доцна синоќа објави дека руската делегација ќе вклучува помошници и заменик-министри, а ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy