Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Младите во Македонија започнуваат со ризични навики многу порано отколку што се очекува
Македонија

Младите во Македонија започнуваат со ризични навики многу порано отколку што се очекува

19/12/2025

AA

Истражувањето ЕСПАД 2024, спроведено од Институтот за јавно здравје (ИЗЈ), покажува дека многу ученици во земјава се изложени на ризик од рана употреба на тутун, алкохол и психоактивни супстанци, уште пред да го достигнат тинејџерскиот период. Првата цигара најчесто се пробува на 14 години, но загрижувачки е што дел од децата ја пробале уште на 9 години, а првото искуство со алкохол се случува на само 13 години.

Според податоците од истражувањето, 40,4% од младите во Македонија се активни пушачи, а само 5% успеале да се откажат од цигарите во последните години. Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушење, а според Светската здравствена организација (СЗО), 40% од младите на 14 години веќе пушат.

Загрижувачки е и растот на употребата на електронски цигари – 29,6% од учениците ги користеле барем еднаш, а 11,7% во последниот месец, што претставува зголемување од 21% во 2019 година.

Во однос на алкохолот, 62,7% од учениците го пробале барем еднаш, а 33,2% пријавиле тешко епизодно пиење (пет или повеќе пијалоци) во последните 30 дена. Раната употреба е честа, со 28,5% од учениците кои го имале првото искуство на 13 години или помлади, што укажува на потребата од рана превенција и едукација.

Истражувањето открива и скриени ризици, како употреба на седативи и лекови против болки: 11% од учениците ги користеле седативите со рецепт барем еднаш, 6,6% без лекарски надзор, а 10,1% признале употреба на лекови против болки за „надување“. Употребата на канабис изнесува 5,5%, додека на кокаин 1,5%. Иако процентите се ниски, трендот е стабилен, што укажува на потреба од континуирана превенција.

Коцкањето е уште еден сериозен проблем – 25% од учениците се коцкале за пари во последните 12 месеци, а онлајн коцкањето е застапено кај 15% од учениците, со значителна разлика меѓу момчињата (21%) и девојчињата (9%).

На почетокот на 2025 година беа воведени законски измени со кои основните и средните училишта се обврзани да спроведуваат програми за превенција од злоупотреба на алкохол, тутун и психоактивни супстанци, покрај постојните програми за заштита од насилство и дискриминација. Овие мерки се клучни за намалување на ризиците и заштита на младите од зависности кои можат да имаат долгорочни последици врз нивното здравје и социјален развој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45589
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026

Иако во моментов нема пожари кои се оценуваат како алармантни, опасноста од нивно повторно разгорување и избувнување нови огнени жаришта

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со забрана и тројца пијани

09/09/2026

Полицијата во изминатото деноноќие санкционирала сериозни прекршоци во сообраќајот, при што 21 возач бил лишен од слобода поради сомнение за

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy