Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЛАДИТЕ САКААТ РАБОТА ОД ДОМА: Кои се предностите и маните?
Економија

МЛАДИТЕ САКААТ РАБОТА ОД ДОМА: Кои се предностите и маните?

02/02/2024

AA

Многу млади луѓе
кај нас работат од дома и велат дека таа работа им се допаѓа и има повеќе предности. Се чувствуваат комотно
во домашни услови, не стануваат порано за да се спремат за на работа, но и заштедуваат така што не патуваат до работно место. 

„Познавам луѓе
кои од дома работат за странци и се задоволни. Јас не работам, но ако имам
прилика, можеби би работела“, вели млада девојка.

Повозрасните
објаснуваат дека е добро да се работи од дома, ако младиот човек поседува
компетенции и успеал да си најде таков тип на работа.

„Кој може да се
снајде добро е, посебно за младите, а за нас постарите, ние мораме да патуваме.
Јас работам, морам да патувам до Скопје“, кажа Раде Стефановски, граѓанин.

Како голема
предност ја истакнуваат флексибилноста.

„Младите сакаат
да работат од дома, немаат шефови кои им стојат над глава, самите се
организираат кога ќе работат“, рече Дарка Пешевска, граѓанка.

Изабела Христовска Шкоф, сертифицирана кариерна
советничка вели дека дали луѓето сакаат да работат од дома или не, многу зависи од личните убедувања на вработените. Според неа, важно е да се спомене дека работата од дома
доаѓа со предности и недостатоци, слично како и работата во канцеларија.

„Како позитивна страни на работата од дома често се
споменува флексибилноста која ја имаат вработените во поглед на креирање на
распоред кој им одговара на нивниот личен живот, но и на можноста да се работи
во период од денот кога вработените се најпродуктивни. Елиминирањето на
дневното патување е уште една придобивка која овозможува заштедување на време и
пари, но и намалувањето на стресот поврзан со сообраќајот и патувањето до
работа,  а намалување на трошоците придонесува и тоа што компаниите немаат потреба
од голем канцелариски простор, додека пак вработените немаат толку големи
трошоци за работна облека. Понекогаш голема придобивка од работењето од дома е
способноста вработениот успешно да постигне баланс меѓу работата и
секојдневниот живот, а дел од поединците наоѓаат и зголемена продуктивност кога
работат од дома“, вели таа. 

Но, како што додава, предности има и за компаниите. 

„Компаниите од друга страна можат да ангажираат таленти од
различни географски локации. Иако работењето од дома има многу позитивни страни, сепак
има и свои предизвици. Еден од најчестите предизвици при работењето од дома е
појавата на чувство на изолација и осаменост особено кај вработените на кои им
е важна социјалната интеракција на работното место. Кај вработените кои работат
од дома можат да се појават комуникациски предизвици поради тоа што
интеракциите лице во лице се заменуваат со виртуелни состаноци, електронска
пошта и пораки. Исто така е можно и да се одолговлекуваат одредени задачи кои
бараат блиска соработка. Чест предизвик е и неможноста на воспоставување на
јасни граници помеѓу работата и личниот живот, како и техничките проблеми кои можат да го нарушат работниот тек, но и да ја нарушат сајбер безбедноста на системите
на компанијата“, објаснува Христовска Шкоф. 

Додава дека и покрај сите овие
предизвици, голем број индивидуалци и тимови уживаат во работењето од дома.
Некои напредуваат при работата во ваква средина, додека пак другите ја
препочитаат структурата и социјалните аспекти на работата од канцеларија.

Во 2019 година, 5,4 oтсто од вработените
луѓе во Европската унија (ЕУ) кои биле на возраст од 15-64 години
изјавиле дека работат од дома. Ваква слика покажуваат податоците
на Евростат. Има и работници кои работат комбинирано, од дома, но и од канцеларија.  Во Македонија во време на
пандемијата, многу фирми кои работеа со физички присуство, се префрлија на
онлајн работење.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy