Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мислење на правниот тим на „Еуромакс Ресоурцес“ за спојувањето на концесиите за „Иловица“
Македонија

Мислење на правниот тим на „Еуромакс Ресоурцес“ за спојувањето на концесиите за „Иловица“

21/07/2023

AA

Во однос на јавниот интерес во врска со управните процеси, и решенијата на Управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека Барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да превземе било какво друго дејствие, во прилог ви го доставување стручното правното мислење на Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ Скопје, кое што е правниот застапник на Еуромакс Ресоурцес во процесите пред Управните судови:

“Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје во јануари 2016 година, согласно член 61 од Законот за минерални суровини, има поднесено Барање за спојување на концесиите за проектот „Иловица-Штука“.

Член 61

Спојување на концесии

(1) Во функција на рационално и економично истражување или експлоатација на минерални суровини, може да се врши спојување на две соседни концесии во случај кога концесиите се простираат на исто наоѓалиште за ист тип на минерална суровина.

(2) На концесионерот му се дава можност да ги спои концесиите за експлоатација доколку се работи за ист сопственик и ист вид на минерална суровина.
Според истиот Закон, одлука за спојување на концесиите донесува Владата по добивање на образложен предлог од Министерството за економија кое е должно да направи увид на локалитетот и да изготви Записник.

По Барањето на Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје за спојување на концесиите, Министерството за економија направило увид и изготвило Записник за извршен теренски увид уште во февруари 2016 година. Според Записникот, постапката за спојување на концесиите може да продолжи со оглед дека не постојат правни и фактички пречки. Врз основа на извршениот увид и изготвениот Записник, Министерството за економија, во неколку наврати поднесува до Владата предлог за одобрување на Барањето  на Еуромакс за спојување на концесиите со образложение дека сите правни и технички услови се исполнети.

Ниту една од Владите од 2016 година до јули 2023 година нема донесено Одлука по конкретното Барање заради што Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје побара правна заштита во управен спор согласно македонското релевантно законодавство.

Управните судови дури во три свои одлуки потврдуваат дека тоа барање за спојување, поднесено во јануари 2016 година, претставува претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да донесе одлука. Тоа се следните одлуки: правосилните Пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.03.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и Решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 09.02.2023 година, после кои донесена е и правосилната Пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на Одлуката на Владата за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина.

Оттука би сакале да укажеме дека Одлуката на Владата за спојување на концесиите од 27.06.2023 година е донесена во постапка која е иницирана по Барање за спојување на концесиите од 2016 година, за кое според Управните судови, Владата има облигаторна обврска да одлучи пред да превземе било какво друго дејствие.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy