Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мисајловски: Единствена партија која може да направи огромна победа и да добие 61 пратеник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Мисајловски: Единствена партија која може да направи огромна победа и да добие 61 пратеник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ

18/12/2023

AA

Сериозна држава инвестира во се, инвестира во приватен сектор, инвестира во општините. Ние како ВМРО-ДПМНЕ најавуваме децентрализација и средства да одат директно во општините и без разлика кој е на централна или локална власт граѓаните ќе бидат задоволни, општините ќе инвестираат во подобри услови за живот, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Говорејќи за тоа како постапуваат сериозни политичари и сериозна држава, Мисајловски укажа дека основно е и дека ако било кој се огрешил пред законот и сторил коруптивно или криминално дело треба да одговара пред законот.
„Секој што огрешил треба да одговара и за тоа не треба црна листа на друга држава. Сакам да ги видам македонските институции да реагираат, да отвораат постапки. Сакам да видам јавен обвинител кој ќе постапува по сите неправилности, а не кој ќе е во скут на СДС и ДУИ. А што имаше во Македонија? Се издаваа пасоши на криминалци, се донесе Кривичен закон за да не можат да одговараат лица од оваа власт. Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе најде начин да одговараат сите кои сториле против законски дела“, рече Мисајловски.

Според него власта само се бега од одговорност.
„Го слушаме министерот за внатрешни Оливер Спасовски како вели дека вината зошто не се гонат сторителите на корупција и криминал не е до МВР. Спасовски вели вината било до правосудните органи, па лицата поставени во обвинителство и судство се нивни. Тие си поигруваат и затоа довербата е 2 проценти во овие институции“, кажа Мисајловски.

Ако се има во предвид целокупната ситуација во земјава, вели Мисајловски, јасно е единството во ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите покажуваат огромно водство за партијата и Коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствена партија која може да направи огромна победа и да добие 61 пратеник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ. А да ќе има и помали партии кои глумат опозиција, но тие се против опозицијата, а ја бранат власта. Тоа се луѓе кои за пари прават се, такви партии како на пример Десна не смеат да бидат дел од политичката слика“, рече Мисајловски.

Според него ДУИ само се обидува сите да ги заќути и да ги придобие.
„На пример, за краток период влезе во Владата и Алијанса за Албанците. И со тоа се испразни место во ДИК кое треба да е на опозиција, но наместо тоа место да и се даде на албанската опозиција се прават игри. Сега да видиме дали опозицијата ќе го добие местото во ДИК или власта пак ќе манипулира“, кажа Мисајловски.

Мисајлоски заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе ги победи сите.
„За СДС е јасно одамна дека се кираџии во своја куќа и затоа е добро да има избори, а на истите следната година ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и покрај се што прави власта“, вели Мисајловски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy