Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милев: Штета што не бевме комплетни, Чешка не е подобра од Холандија
Спорт

Милев: Штета што не бевме комплетни, Чешка не е подобра од Холандија

05/09/2023

AA

Еден од најискусните македонски одбојкари Владо Милев посочи дека жали што Никола Ѓорѓиев не играше денеска против Холандија поради повреда, зашто Македонија со капитенот можела многу повеќе од пораз во три сета, најавувајќи дека против Чешка со добар сервис и прием може да се оствари втората зацртана цел, да се избегне Италија во осминафинале.

Македонија загуби во три сета, но покажа дека има сила за Чесите, ако се врати пред сѐ Ѓорѓиев, кој е клучен во нашата селекција.

„Немавме среќа да бидеме комплетни за да можеме и подобро да ѝ парираме на Холандија. Хоалндија не е на ранг на Полска, можевме да играме со нив ако бевме комплетни, но… Сервисот им беше најмоќно оружје, го имаат еден од најмоќните сервисери, Абдел-Азис кој сервира бомби и тешко се игра, но на моменти покажавме достојна игра и ако бевме комплетни можеби можевме повеќе. .

Чешка е добра, но не е посилна од Холандија. Ако сме утре комплетни, може да очекуваме победа. Наша цел после пласманот во втора фаза, е да ја избегнеме Италија која е фаворит со Полска и Франција, и ако успееме да ја избегнеме, може да играме рамноправно со останатите. Се надевам дека може да се оствари таа наша желба и да се бориме за што подобар пласман.

Што ќе пресудува со Чешка? Добар сервис и прием и ако функционираат, ќе ни овозможи разноврсна играта, па ќе им бидеме голем проблем на Чесите“, рече Милев.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
Македонија

Алиу: Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во

20/06/2026
Македонија

Кои се клучни приоритети на Националната стратегија за спречување на

20/06/2026
Македонија

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43843
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026

Пониски цени на горивата од следната недела Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во понеделник, со новата одлука на Регулаторната комисија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека до 40 минути

20/06/2026

Состојба на граничните премини Утринава е забележана зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, каде возачите чекаат

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците, Мицкоски најавува промени и кај

20/06/2026

Рокови и тек на реконструкцијата Премиерот Христијан Мицкоски најави дека процесот за реконструкција на Владата во првиот ешалон ќе се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy