Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милановиќ бара уште неколку земји да го признаат: Престанете да повторувате дека Косово е Србија
Регион

Милановиќ бара уште неколку земји да го признаат: Престанете да повторувате дека Косово е Србија

31/05/2023

AA

Престанете да повторувате дека Косово е Србија, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Вели дека Србија мора да прифати дека Косово е независно. 

„Србија мора да разбере и прифати дека Косово е независно. За жал, тоа не е прифатено од неколку други членки на Европската унија“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека на самитот на НАТО лани, по руската инвазија на Украина, тој бил единствениот кој повикал европските земји, кои уште не го направиле тоа, да го признаат Косово.

„Но, тоа е како да зборуваш со ѕид. Некои земји не го признаа тоа затоа што се плашат од преседани кои евентуално, во некој кризен момент, во одредено опаѓање на имунитетот, може да се применат во нивните земји и да им се одземе нешто“, рече Милановиќ.

Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија засега не го признале Косово. 

Неколку десетици војници на КФОР се повредени вчера попладне во судир со српски демонстранти во општина Звечан на Косово.

Српските демонстранти, меѓу кои има и неколку десетици повредени, се спротивставија на доаѓањето на албанските градоначалници во општините со мнозинско српско население по изборите. Србите ги бојкотираа изборите. Тие бараат формирање Заедница на српски општини и косовските специјалци да се повлечат од северно Косово. 

ЕУ и САД ги предупредија косовските власти дека ова што го прават не е в ред. 

И францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Приштина не го почитува договорот кој претходно е потпишан. 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше во првото коло против Александар Ковачевиќ, па напиша порака „Косово е Србија“ на камерата. Тоа предизвика бурни реакции. 

foto faceboook/Zoran Milanovic

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy