Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Околу 20 јуни ќе се знае дали струјата ќе поскапи за 13%
Македонија

Околу 20 јуни ќе се знае дали струјата ќе поскапи за 13%

31/05/2023

AA

До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се пристигнати сите барања за цената на струјата и доколку бидат прифатени тоа би значело нејзино зголемување за 13 проценти, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32 проценти, МЕМО, операторот на пазарот на електрична енергија, од 83,3 проценти, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51 процент.

Процентот што го бара МЕМО, според него, навидум е голема бројка, но влијанието на цената е под 0,5 проценти. Вкупното влијание на цената на МЕПСО, пак, е нешто под пет проценти.

– Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти, изјави Бислимовски.

Барање нема доставено само ЕВН Хоум поради тоа што не знае која ќе биде цената по која ќе ја набави од ЕСМ, повластените производители и ако има потреба од слободниот пазар. РКЕ ќе информира во наредните денови на што се темелат барањата за зголемување на цената, а како што вели Бислимовски, најверојатно е заради зголемени трошоци во работењето.

-Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега, рече Бислимовски.

Прашан за влијанието на враќањето на стапката на ДДВ од 18 проценти во цената на струјата, повтори дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

– Ако го пресметате ДДВ не е 8 проценти зголемување на цената, математички е некаде околу 7,3, односно 7,4 проценти како зголемување на цена што би влијаела, посочи претседателот на РКЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy