Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: За неколку месеци од денеска во Македонија ќе има нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Мицкоски: За неколку месеци од денеска во Македонија ќе има нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

10/10/2023

AA

Навистина динамичен ден. Почнавме од Ново Село, продолживме во Босилово, а сега завршуваме во Василево. Има што да се види и да се покаже, направени се многу работи и покрај тоа што имаме работа со влада каде што не се води сметка за сите граѓани во Македонија, за сите општини. И тоа е така затоа што тие мислат дека ако не инвестираат во општините каде што градоначалниците се од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тогаш на тој начин ќе ги направат градоначалниците помалку успешни и тогаш граѓаните ќе се предомислат на следните парламентарни и претседателски избори и наместо за ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат за СДМС и ДУИ. Но, тоа е погрешна стратегија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешното обраќање пред граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Васиелво.

Претседателот Мицкоски посочи дека и покрај тоа што власта им ги одзема ингеренциите на некои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во образованието, градинките, сепак градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со чесна и макотрпна работа успеваат да ја реализираат својата програма од локалните избори во 2021 година ветена пред граѓаните.

Иако ги одземаат ингеренциите во образованието, во градинките во дел од општините, не инвестираат во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Но, сепак тие градоначалници и со тие ограничени ресурси, покажаа и докажаа изминатите 2 години со макотрпна, чесна работа може да се постигнат резултати, смета тој.

Мицкоски рече дека за неколку месеци од денеска следува нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за сите граѓани и подеднакво ќе инвестира во сите општини, за разлика од сегашната влада на СДСМ и ДУИ.

Сакам да им порача на градоначалниците да продолжат да ја реализираат програмата до локалните избори во 2021 година, со тоа што сега ќе имаат олеснителни околности бидејќи за неколку месеци од денеска ќе имаме нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе помага и ќе инвестира во сите општини во Македонија, без разлика дали општината е раководена од кадар од СДСМ, ДУИ, БЕСА, или некој независен градоначалник. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде влада на сите граѓани во Македонија, без разлика на политичката или етничката припадност. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да биде на целата територија на Македонија, нагласи тој.

Мицкоски нагласи дека доколку една влада се однесува себично и фаворизира одредени општини, а дискредитира други, тогаш не може да се смета за влада на народот.

И тоа е многу важно затоа што ако една влада се однесува себично, се однесува на начин кој што одредени делови од државата ги дискредитира, а други ги фаворизира, тогаш таа влада не може да биде на народот. А ние сакаме да бидеме влада на народот која ќе обезбеди национално обединување, порача Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45868
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката пукнала на вториот кат, течело

29/09/2026

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок доби машина за миење возила

29/09/2026

Битолското јавно претпријатие „Нискоградба“ после 15 години купи нова градежна машина „HIDROMEK“ и промени две надградби на товарни возила „RENO

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy