Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Националната развојна стратегија е визија за обединување и напредок на Македонија
Македонија

Мицкоски: Националната развојна стратегија е визија за обединување и напредок на Македонија

05/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски го отвори првиот состанок на проширениот Управен одбор на Националната развојна стратегија, истакнувајќи дека оваа стратегија ќе биде основа за трансформација на Македонија во следните дваесет години. Според него, документот не е само визија на една влада, туку стратегија за целото општество, која ќе биде заснована на силна економија, енергетска независност и иновации.

„Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 година претставува највисок обединувачки документ кој има за цел да спроведе суштински национални промени и да ја трасира развојната траекторија на земјата. Клучно е сите да бидеме вклучени во овој процес, бидејќи само така ќе постигнеме реални и храбри промени“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека стратегијата ќе се базира на неколку клучни приоритети, од кои најважни се економијата и правдата. Со поддршка на реформите во даночната политика и намалување на бирократијата, како и инвестиции во обновливи извори на енергија, Македонија ќе ги зголеми своите економски капацитети.

„Нема успешна држава без силна економија. Ако сакаме да ја градиме иднината, мора да ја зајакнеме економијата“, посочи Мицкоски, нагласувајќи дека зајакнувањето на енергетската независност ќе биде еден од клучните столбови на стратегијата.

Премиерот исто така потенцираше дека инвестициите во образованието, особено во високо образование, се од витално значење за иднината на земјата. Владата работи на нов закон за високо образование, кој ќе обезбеди бесплатен пристап до научни бази на податоци, што ќе помогне во поддршка на научниот напредок и иновациите.

Во текот на обраќањето, Мицкоски ја истакна и потребата за силни реформи во правосудството, како и борбата против корупцијата, која според него, е клучна за обновување на довербата на граѓаните во институциите.

„Нашите цели се јасни: мораме да создадеме ефикасни и праведни институции. Важно е да градиме држава која ќе биде партнер на своите граѓани и на меѓународната заедница“, рече Мицкоски.

Во рамки на стратегијата, Владата најави и серија инвестиции во инфраструктурата, со посебен акцент на патната и железничката мрежа, како и на дигиталната инфраструктура која ќе стане исто толку важна како и физичката инфраструктура.

„Нашата стратешка предност е што сме природна раскрсница на два важни коридори. Модерни патишта, брзи железници и дигитална поврзаност се клучни за нашата иднина“, додаде премиерот.

На крајот, Мицкоски истакна дека спроведувањето на Националната развојна стратегија ќе биде сериозен предизвик, но со меѓуинституционална координација и поддршка од сите партнери, тој верува дека ќе се постигнат значајни резултати на краток и подолг рок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции

05/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО

05/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО, ГРУПА СО ГОДИНИ ВРШЕЛА ИЗНУДИ Претресена

05/11/2026
Македонија

И ПОКРАЈ БЛОКАДАТА МАКЕДОНИЈА ГИ СПРОВЕДУВА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова побара забрзување

05/11/2026
Македонија

ФОНДОТ РЕАГИРА НА ТВРДЕЊАТА НА КОСТАДИНОВ „Спремни сме за соработка,

05/11/2026
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно

05/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ

05/11/2026
Македонија

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46607
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции за сигурен европски пат

05/11/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во Вестите на Сител ТВ се осврна на последниот

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО Пари и документи откриваат траги

05/11/2026

Пари и документи што упатуваат на лихварство и изнуда биле пронајдени во раноутринската полициска акција во Куманово. Под истрага се

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО, ГРУПА СО ГОДИНИ ВРШЕЛА ИЗНУДИ Претресена е и нотарска канцеларија

05/11/2026

Криминална група осомничена за лихварство, изнуда и перење пари дејствувала во Куманово повеќе од пет години, од 2021 година до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy