Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА БАНКА Обвинувањата на опозицијата се саботажа врз државата
Македонија

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА БАНКА Обвинувањата на опозицијата се саботажа врз државата

05/11/2026

AA

Обвинувањата на опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг премиерот Хистијан Мицкоски го оквалификува како саботажа и удар врз темелите на државата. Од СДСМ на таков начин, смета Мицкоски, го обвинуваат и ММФ и Светската Банка која ги прави проценките за земјата.

Според него, среќа е што немаат кредибилитет и ретко кој верува во тоа што го зборуваат. Владата, потенцира, јасно знае што прави и каде ја води државата, а тоа, како што нагласи, го препознаваат сите релевантни чинители.

– Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро Јавното обвинителство да се позанимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните поради што ретко кој верува во тоа што го зборуваат освен малкумина од тој круг во кој што тие се движат, па тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање отколку на одобрување – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас.

Според премиерот, на ваков начин СДСМ посредно ги обвинува и Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

– Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел, да речеме, од Светската банка или Меѓународниот монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 26-та година ако владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска банка и го обвинуваат Меѓународен монетарен фонд, а не Владата – истакна премиерот.

Затоа, како што рече, вели оти кога испраќаат таква порака, не е тоа само политичка порака,туку порака која што директно удира во темелите на државата.

-​ Ќе повторам, среќа е што лицата коишто испраќаат таква порака немаат никаков кредибилитет. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата. Резултатите се препознаени од сите наши партнери, еве и денеска и неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите коишто доаѓаат тука и за напредокот од тоа што го правиме и за економските резултати коишто ги постигнува оваа Влада – рече Мицкоски како одговор на прашање за ставот пообвинувањата дека Владата го фингира јавниот долг.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно

05/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ

05/11/2026
Македонија

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА

05/11/2026
Македонија

НБРМ РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА Во

05/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА 2026 ГОДИНА Е ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ

05/11/2026
Македонија

НЕМАМЕ НЕДОСТИГ НА РЕФОРМИ, ТУКУ ПРЕОСТАНАТИ ПОЛИТИЧКИ УСЛОВИ Мицкоски истака

05/11/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ЛАУРА КОВЕШИ ВЕЌЕ НЕ Е ЕВРОПСКИ

05/11/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ДРАГАН ПЕТРОВСКИ – ШТУКА Осомничен е како организатор на

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46602
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно било приведено, му биле изречени

05/11/2026

Со цел да не се шират шпекулации и неточни информации кои ги има во јавноста, сакам да истакнам дека полицијата,

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ Исплатата на социјална помош започнува

05/11/2026

Вкупно 556 пензионери денеска подигнале средства од своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, соопшти Народната банка. Станува збор за

НБРМ РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА Во следните 2 недели треба да

05/11/2026

Народната банка на Македонија активно работи да обезбеди услови сите пензионери што сакаат да се одјават од Алта банка, тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy