
Мицкоски: Македонија треба да биде оценувана според постигнувањата, не според билатералните прашања
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Северна Македонија очекува поддршка од соседните држави на патот кон Европската Унија и дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка во евроинтеграциите.
Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека земјата треба да биде оценувана врз основа на реалните резултати и постигнувања, а не според отворени билатерални прашања.
„Нашата амбиција е јасна – членство во Европската Унија, со поддршка од соседите и фер пристап во процесот на оценување“, напиша премиерот.

