Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ќе има робусна контрола и сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани
Македонија

Мицкоски: Ќе има робусна контрола и сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани

18/03/2025

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос безбедноста и лиценци за ноќните клубови и кабареата, што вчера дознаеме дека само 12 клуба во целата држава имаат лиценци и работата на инспекторатите досега, изјави:

„Во моментот трае акција на Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата. Инаку согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, се лиценцираат отворени и затворени дискотеки. Јас би кажал дека не е толкава бројката на целата територија, но е многу поголема од тие коишто имаат обезбедено законски документ. 2007 е сменет Законот. 

Во тие измени на Законот, документите кои ги доставува правното лице коешто бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што, екс официо не се проверени тие документи. Така што овој објект од свои петстотини и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре. 

Ни по една основа не може да биде кабаре и да бара лиценца за кабаре. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките, сумата којашто треба надоместокот да се плати, е поголем, виза ви овие коишто се лиценцираат како кабаре.

Се истражува и бидете сигурни, бидете сигурни дека ниту еден објект којшто не ги исполнува, како што стои според Законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира со сиот ризик и критика којашто потоа Владата ќе ја трпи.

Жалам што досега, сето ова се толерирало. И жалам што луѓето во Министерството за економија, дури и кога ги добивале документите под полна материјална, и морална и кривична одговорност, таков е Законот, екс официо не ги проверувале. 

Жалам што за 15 минути за одредена сума надомест, се давани овие лиценци. Но тоа е она за коешто можеме денеска да го кажеме. Кога би бил семоќен и да можам да го вратам времето неколку години наназад би било сѐ поинаку, но за жал не сум.

Тоа што можам јас сега да го направам, како прв човек на Владата, а го правам и во текот на вчерашниот ден и денеска ќе го правам на сама седница на Влада, е робусна акција, робусна контрола, жестока контрола и сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани.”

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРЕМЕНО СЕ ЗАПИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БСЖ Користиме иста бугарска вакцина

06/10/2026
Македонија

НАД 4.500 ЛАЖНИ КОРИСНИЦИ ОТКРИЕНИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ Околу 25

06/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОД БУГАРИЈА ОЧЕКУВА ДИЈАЛОГ НА КОЊОПОЈ Софија сè уште

06/10/2026
Македонија

МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара

06/10/2026
Македонија

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ВО СВЕТОТ БИЛО ОДЛОЖЕНО Македонија

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
Македонија

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен

05/10/2026
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРЕМЕНО СЕ ЗАПИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БСЖ Користиме иста бугарска вакцина како и Хрватска

06/10/2026

Во однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки

НАД 4.500 ЛАЖНИ КОРИСНИЦИ ОТКРИЕНИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ Околу 25 милиони евра годишно се давале

06/10/2026

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека

МИЦКОСКИ ОД БУГАРИЈА ОЧЕКУВА ДИЈАЛОГ НА КОЊОПОЈ Софија сè уште не одговорила на барањето за

06/10/2026

Македонската влада сè уште чека одговор од официјална Софија по барањето за средба на министерот за надворешни работи Тимчо  Муцунски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy