Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ – Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните
Економија

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ – Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

01/11/2024

AA

Заврши мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.

Владата најави дека жестоко ќе се спротивстави доколку повторно се зголемат цените. По министерот за економија, и премиерот Христијан Мицкоски завчера најави дека ќе ги искористат сите алатки што им стојат на располагање со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

– Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа, жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со сè што имаме како алатка на располагање, изјави Мицкоски.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во изјава за медиумите дадена на 25 октомври оцени дека мерката дала резултати затоа што цените на одредени производи се намалиле од пет до десет проценти. Тој верува дека трговците нема да ги зголемат цените затоа што од крајот на септември во сила е и Законот за нефер трговски практики со кој над 2.500 производи имаат ограничена маржа од 10 проценти.

– Ако имаме драстично зголемување на цените наредниот месец, ќе донесеме поригорозни мерки – изјави Дурмиши.

Од Сојузот на синдикати на Македонија каде ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошница со показатели колкави се минималните трошоци на едно четиричлено семејство велат дека мерката на Владата не ги дала посакуваните резултати затоа што трговците ја изиграле.

– Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот септември, а во истата во делот на храна и пијалоци во октомври 2024 година која изнесува 22.069 денари споредено со септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намалана за 965 денари, истакнаа од ССМ при објавата на синдикалната кошница за октомври.

Од ССМ остануваат на ставот дека при креирање на мерките, Владата треба да го вклучи и синдикатот, а потребни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци.

Податоците на ССМ покажуваат дека на едно четиричлено семејство во октомври му биле потребни минимум 61.249 денари за подмирување на основните потреби. Овој износ се зголемува доколку семејствата плаќаат и кирија за стан. Најголем дел од месечните потреби или 22.069 денари биле потребни само за храна и пијалоци.

ССМ бара и зголемување на минималната плата на 450 евра, но засега ова прашање останува отворено.

Од Владата, според досегашните изјави, најавуваат и новогодишна, божиќна, рамазанска… потрошувачка кошница со ограничено времетраење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45882
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

30/09/2026

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на македонска земја!

30/09/2026

Oсврнувајќи се на 1.009-годишнината од легендарниот балкански судир помеѓу Самуил и Василиј Втори кај Беласица и реактуализирањето во македонско-бугарските политички

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy