Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ – еве како се зголемува добивката за 46 проценти
Економија

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ – еве како се зголемува добивката за 46 проценти

01/11/2024

AA

Нето добивка од
близу 400 илјади евра оствари компанијата „Аутомакедонија“ за период од девет
месеци од почетокот на оваа година.

Ова значи дека полека
но сигурно таа автомобилска компанија „гази“ во се поуспешни и попрофитабилни води, од период
во период, а резултатот што го оствари за првите три квартали од годинава е за
пофалба, бидејќи во однос на истиот период од минатата година е регистрирано
зголемување за 46 проценти.

Од самата компанија
многу прецизно објаснуваат што ја зголеми нивната добивка. Имено, станува збор
главно за зголемена продажба на возила во комерцијалниот сегмент, што донесе и
повисоки приходи и поголема добивка за ова акционерско друштво.

Тоа значи дека
Македонците од почетокот на годинава „удриле“ на купување на нови возила, што
се рефлектира во поголеми заработувачки и кај компаниите кои работат во таа бранша.

А, покрај добрите
приходи, на зголемената добивка „ветер во грбот“ и биле и стабилните трошоци.

„Аутомакедонија АД
Скопје во периодот од први јануари
заклучно со 30 септември оваа година оствари позитивен финансиски
резултат, односно нето добивка по оданочување во износ од 24,5 милиони денари (398 илјади евра – н.з.), што претставува за 46 отсто зголемување
во однос на истиот период од 2023 година. Зголемувањето на нето добивката во 2024
година се должи на зголемен волумен на продажба на возила комерцијален сегмент,
а од друга страна стабилно ниво на трошоци во однос на 2023 година.
Горенаведеното резултира во оперативна добивка од 22 милиони денари,
зголемување за 76 отсто во
однос на истиот период 2023 година. Финансиските расходи се зголемени за 7 отсто, што резултира со добивка пред
оданочување од 25 милиони денари“, се
вели во образложението од компанијата доставено до инвеститорската јавност
преку Берзата.

Компанијата за првите девет месеци од
годинава има одлични приходи од продажбата, кои се и всушност главните
оперативни приходи. Тие за девет месеци изнесуваат одлични 9,2 милиони евра,
што е за дури 53 отсто зголемување во однос на истиот период од минатата
година.

Зголемени се и оперативните расходи,и тоа за
51 отсто во однос на истиот период лани. Тие биле на ниво од 8,86 милиони евра,
но бидејќи се помали од приходите, компанијата успева да работи солидно
профитабилно.

Ова прави оперативната добивка на компанијата
да биде на ниво од 362 илјади евра, и во однос на истиот период лани, тоа е
зголемување за 76 проценти. Заедно со финансиските приходи, кои се малку
намалени, и финансиските приходи, кои се малку зголемени, и по пресметката на
данокот, излегува дека нето профитот од деветмесечното рабпотење на
„Аутомакедонија“, е чиста заработка од 400 илјади евра.

Оваа компанија се занимава со продажба на
возила, сервисирање,
технички прегледи, осигурително-брокерски услуги, рента-кар,
како
и
испитен центар за полагање возачки.
Таа
е
најстара
македонска компанија специјализирана за продажба на нови возила
,
но и за нивно
сервисирање. Оваа компанија на пазарот успешно
опстојува 77 години.

Во моментов, според состојбата на ЦДХВ,
поголеми акционери на компанијата се Иванка Мојсова со 22,48 отсто од капиталот, Милан Ивановски со 17,99 отсто од акциите,
како и трите деца за бизнисменот
Светозар Јаневски,
односно Кирило, Драгана и Јане со
по 6,78 отсто од акциите.

Јане Јаневски, син на познатиот бизнисмен Светозар
Јаневски, станува претседател на Управниот одбор на „Аутомакедонија“, заземајќи
го местото на Џон Кирил Јоновски, кој досега беше на таа позиција. Оваа промена е заведена во Централниот регистер за земјава.

Директорот
на „Аутомакедонија“, Игор Илиевски, купил 400 акции од компанијата со која
раководи. 

За
тоа инвеститорската јавност ја извести самата „Аутомакедонија“ преку
Македонската берза за долгорточни хартии од вредност.

Беше
објавена ценовно чувствителна информација за промена на сопственоста на член на
Управниот однбор на компанијата, а со која јавноста се известува дека Илиевски
со овие 400 акции се стекнал во текот на изминатиот период. 

„Известуваме
дека Членот на Управниот одбор и Генерален Директор на Аутомакедонија АД, г-дин
Игор Илиевски, во изминатиот период се стекна со 400 акции од издавачот
Аутомакедонија АД Скопје“, се вели во објавата од компанијата. 

Игор
Илиевски е именуван за генерален директор на „Аутомакедонија“ во ноември 2020
година. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45884
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле во камиони за царинење

30/09/2026

Царински службеници во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy