Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Обезбедивме дополнителни средства за поголем број пациенти со цистична фиброза кои треба да примаат „трикафта“
Македонија

Меџити: Обезбедивме дополнителни средства за поголем број пациенти со цистична фиброза кои треба да примаат „трикафта“

16/10/2023

AA

Денеска министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, оствари средба со претставници од Здружението за цистична фиброза. На состанокот министерот со претставниците на Здружението говореа за повеќе актуелни теми поврзани со пациентите со цистична фиброза и напорите за надминување на истите.

Минатата недела, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија обезбеди дополнителни средства за лекот „трикафта“ за дополнителен број на пациенти со цистична фиброза. Со овој дополнителен буџет значајно ќе се зголеми бројот на пациенти за кои стручна Комисија ќе одлучи дека треба да примаат терапија. За пациентите кои ќе бидат ставени на терапија со лекот „трикафта“, одлучува стручна комисијата формирана од министерот за здравство, а одлуките се носат согласно изготвен протокол.

Соговорниците на средбата разговараа и за реконструкција и доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје за што Министерството за здравство доби финансиска помош од НР Кина.

Министерот Меџити на средбата истакна дека Центарот ќе биде современ објект изграден по европски стандарди, каде ќе се нудат современи здаравствени услуги за пациентите со оваа заболување, како и одлични услови за работа на здравствениот персонал со пациентите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026
Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени

14/08/2026
Македонија

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и

14/08/2026
Македонија

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките

14/08/2026
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45014
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција,

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

14/08/2026

Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy