Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити најави кривична за Арсовска: Ако зборуваме за дивоградби, не постои општина во Скопје што ги нема, добро е да се занимава со нејзините надлежности!
Македонија

Меџити најави кривична за Арсовска: Ако зборуваме за дивоградби, не постои општина во Скопје што ги нема, добро е да се занимава со нејзините надлежности!

29/05/2025

AA

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска упати остра критика кон скопската градоначалничка Данела Арсовска, обвинувајќи ја за политичка манипулација и вмешаност во план за дестабилизација преку општините.

Во изјава за медиумите, Меџити најави поднесување кривична пријава против Арсовска, поради — како што рече — „лажните тврдења“ поврзани со еден објект во Чаир, кој таа неодамна го објави на социјалните мрежи.

„Добро што Данела се појави, затоа што четири години не сме ја виделе. Наместо да каже нешто за ветеното, а несработеното во Чаир и Скопје, таа сега глуми инспектор и контролор. Заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот и дека ова е најлошото управување со Град Скопје од независноста до денес“, изјави Меџити.

Според него, акцијата на Арсовска е дел од поширок политички план:

„Ова е последниот обид на Ахмети за дестабилизација, овојпат преку Блерим Беџети, Левица и Арсовска како инструмент. Ако зборуваме за дивоградби, тогаш не постои општина во Скопје што ги нема. Добро е што почна од Чаир, но нека продолжи и во Сарај, Шутка – таму се нејзините партнери.“

Меџити го посочи и случајот со синот на шефот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, кој наводно на 17 години има договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“.

„Не е случајно што Скопје се дави во ѓубре. Добро е Данела да се фокусира на своите надлежности, а не да се користи како алатка во политички игри“, нагласи министерот.

Оваа изјава доаѓа откако Арсовска објави дека има сомнежи за фалсификувана документација и незаконско градење во Чаир, повикувајќи Јавното обвинителство да постапи итно. Политичката атмосфера продолжува да се заострува, додека новата парламентарна структура добива се појасни контури.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy