Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА БИТОЛСКИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЈ ПРИМАЛ МИТО Влијаел кај колегите да им дадат поблаги казни на сторителите
Македонија

ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА БИТОЛСКИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЈ ПРИМАЛ МИТО Влијаел кај колегите да им дадат поблаги казни на сторителите

07/10/2026

AA

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В., виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

Од Кривичен информираат дека против П.В., кој се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Од МВР, претходно информираа дека, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднело кривична пријава против П.В. (61) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од чл.359  ст. 3 во врска со ст.2 од Кривичниот законик.

– П.В. во функција на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Битола во повеќе наврати влијаел при донесувањето на одлуките од страна на други јавни обвинители, со цел изрекување поблаги казни за сторителите – информираат од МВР.

Заради прибирање дополнителни докази и пронаоѓање на предмети, извршен бил претрес во неговиот дом во Прилеп, како и службени простории кои ги користел, каде, како што информираат од МВР, се пронајдени и одземени шест мобилни телефонски апарати, едно УСБ и еден персонален компјутер.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46885
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со туризам

22/11/2026

По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy