Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маск демантира наводи за злоупотреба на дрога: „Не земам дроги, Њујорк Тајмс лаже“
Македонија

Маск демантира наводи за злоупотреба на дрога: „Не земам дроги, Њујорк Тајмс лаже“

01/06/2025

AA

Илон Маск, извршен директор на компаниите X, Tesla и SpaceX, синоќа јавно демантираше дека користи дрога, реагирајќи на напис на „Њујорк Тајмс“ кој тврди дека за време на изборната кампања користел кетамин, екстази и халуциногени печурки.

„Да бидам јасен – НЕ земам дроги! ‘Њујорк Тајмс’ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и тоа го имам јавно објавено на X. Од тогаш не сум го земал“, напиша Маск на социјалната мрежа X.

Во написот објавен во петокот, „Њујорк Тајмс“ наведува дека Маск за време на изборната кампања во САД наводно консумирал значителни количини на кетамин – анестетик со стимулативни својства – заедно со екстази и халуциногени супстанции. Извештајот е заснован на приватни пораки и интервјуа со повеќе од десет лица кои го познаваат или соработувале со Маск.

Во минатото, Маск јавно признал дека користел мали дози кетамин за справување со депресивни епизоди, тврдејќи дека тоа му помогнало да биде поефикасен во работата.

Исто така, „Волстрит џурнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел лекови, вклучувајќи го и „Амбиен“, седатив за третман на несоница, што предизвикало загриженост кај некои членови на одборот на Tesla.

Маск во петокот поднесе оставка од својата функција во американската администрација поврзана со намалување на федералните трошоци, изјавувајќи дека се повлекува бидејќи ги запоставил своите бизниси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy