Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Опаѓа довербата во ЕУ: Македонските граѓани разочарани од билатералните условувања и блокади
Македонија

Опаѓа довербата во ЕУ: Македонските граѓани разочарани од билатералните условувања и блокади

01/06/2025

AA

Процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија станува сè повеќе предмет на разочарување, поради билатерализацијата на интегративниот пат и молкот на Брисел пред ултиматумите кои земјата со децении ги трпи од поединечни земји членки. Наместо заедничка европска визија, се наметнуваат идентитетски, јазични и историски барања што не беа дел од преговарачкиот процес за ниту една друга членка на Унијата.

Во 1990-тите години, над 90 отсто од македонските граѓани имале позитивен став кон ЕУ. Денес, три децении подоцна, довербата значително е намалена. Последниот „Евробарометар“ покажува дека 54 отсто од македонските граѓани имаат доверба во ЕУ, додека 42 отсто не ѝ веруваат. За споредба, во есента 2024 година довербата изнесувала 56 отсто – јасен индикатор за опаѓачки тренд.

Причините за ова се повеќеслојни: додека сите актуелни членки, особено оние што влегоа во Унијата во поновиот бран, преговараа според Копенхашките критериуми, Македонија останува заложник на прашања од 19 век. Се бара отстапка по отстапка, без реален напредок. Македонскиот пример стана предупредување и за останатите земји од регионот – како не треба да изгледа европскиот пат.

Податоците од „Евробарометарот“ објавен на 28 мај покажуваат дека довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора (83%) и Албанија (80%), каде не се наметнати билатерални условувања. Во Босна и Херцеговина довербата е 58%, а во Србија – најниска – само 37%, додека 57% од српските граѓани не ѝ веруваат на Унијата.

Во однос на перспективата за членство, 50% од македонските граѓани веруваат дека земјата ќе стане членка на ЕУ, додека другата половина е скептична. Во БиХ, 60% веруваат во идно членство, а во Србија само 34% сметаат дека тоа би било добра работа.

Во самата ЕУ, поддршката за идно проширување изнесува 54%, додека 39% се против. Сепак, во клучни земји како Германија и Австрија, мнозинството граѓани (53%) се против проширување. Во Франција, 49% се против, но е забележан благ пад на евроскептицизмот во однос на претходните анкети.

Сето ова укажува дека и покрај декларативната поддршка за Западен Балкан, реалноста на теренот е поинаква – каде интеграцијата станува жртва на внатрешни политики, а довербата во ЕУ постепено еродира.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy