Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, не е нотирано назадување
Македонија

Маричиќ: Имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, не е нотирано назадување

09/11/2023

AA

Од првичната анализа на Извештајот на ЕК произлегува важна порака – имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, а не е нотирано назадување во ниту едно од поглавјата. Значи, има нула назадувања, констатираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир во Владата, по повод Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2023 година, посочи дека ги прифаќаат укажувањата и ги сметаат за важен показател за она што се случува и за она што треба да го прават.

Според Маричиќ, во најголем дел од поглавјата сме со соодветно ниво на подготвеност. Како што рече, оценката за вкупната подготвеност на државата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“ и е солидна константа веќе неколку години наназад

Но, посочи, одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Северна Македонија во ЕУ го става во неизвеснот и реформскиот процес.

Според Маричиќ, прифаќањето на уставните измени останува предуслов кој не можеме да го прескокнеме. Тука, појасни, нема никакви дилеми дека одлуката е само во наши раце.

-Лажна приказна, мит, но и неодговорна и опасна политичка позиција е дека Северна Македонија има луксуз да чека или дека може да постигне подобар договор во иднинна. Уверен сум дека со национален консензус и со максимално вложување на Владата како носител на преговорите, но и на сите засегнати страни можеме да ја исполниме заложбата дабидеме подготвени за членство во ЕУ до 2030 година, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека е важна констатацијата на Комисијата дека процесот на скринингот се одвива непречено, успешно и дека земјата и Владата покажуваат високо ниво на посветеност.

-И покрај опструкциите на опозицијата кои се нотирани во извештајот, Северна Македонија се бори и продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство, додаде Маричиќ.

Како што посочи, во делот на Кластерот Фундаментални вредности, Европската Комисија констатира дека Северна Македонија продолжи со напорите за зајакнување на демократијата и ја покажа својата посветеност да испорача резултати.

-Како заменик претседател за европски прашања и главен преговарач, ја потенцирам констатацијата на Комисијата, која ја споделуваме и ние дека „Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот“. Скрининг процесот ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус. Во таа насока работиме на подготовка на патоказите за владеење на право, реформите во администрацијата и функционирањето на демократските институции, рече Маричиќ.

Според вицепремиерот, сè што е наведено во Извештајот, ни е добро познато и силно се работи на решенијата.

-Пример за тоа дека предизвиците се детектирани од наша страна и дека на нив работиме за да најдеме соодветни решенија, е работата на Судскиот совет. Ние го согледавме проблемот во функционирањето на Судскиот Совет и затоа побаравме оценска мисија од Европската Унија, која веќе е во тек. Сега ги очекуваме наодите и препораките и останува секоја соодветна институција во рамките на своите надлежности во правосудството, да ги имплементира, додаде Маричиќ.

Во делот на функционирањето на демократските институции Европската Комисија, вицепремиерот посочи дека се укажува на потребата да се донесат уставните измени, како и обврските од Дијалогот „Жан Моне“.

-Во однос на основните човекови права, останува оценката на Европската Комисија дека правната рамка е генерално усогласена со стандардите на ЕУ. Предизвиците остануваат во делот на јакнење на капацитетите на независните тела (Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување од дискриминација), унапредување на правата на лицата со посебни потреби, и особено во подобрување на состојбите во затворите и притворите, рече Маричиќ.

Како што наведе, во однос на економските критериуми, има добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Иако во 2022 година, економијата беше тешко погодена од последиците од руската агресија против Украина, сепак Северна Македонија, како што рече, успеа да обезбеди финансиска и макроекономска стабилност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УПРАВНИОТ ОДБОР НА „ЛОТАРИЈА“ БИЛ ЗАОБИКОЛЕН ПРИ НАБАВКАТА НА ТЕРМИНАЛИТЕ?

30/10/2026
Македонија

ДМ ЗАСАДИ 264 САДНИЦИ ВО БИТОЛА Нова сезона на еко-конкурсот

30/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЖЕРНОВСКИ ДА КЛЕВЕТИ Двајцата се исплашени од

30/10/2026
Македонија

ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи

30/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА ОЧЕКУВА ОДГОВОР ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Мицкоски на

30/10/2026
Македонија

ГЛАСАЈTЕ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, А НЕ

30/10/2026
Македонија

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

30/10/2026
Македонија

ВО ЕУ САМО ПО ЗАСЛУГИ Црна Гора ветува силна поддршка

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46459
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УПРАВНИОТ ОДБОР НА „ЛОТАРИЈА“ БИЛ ЗАОБИКОЛЕН ПРИ НАБАВКАТА НА ТЕРМИНАЛИТЕ? Член на одборот сведочеше дека

30/10/2026

Со сослушување на сведокот Андреј Крстевски, советник за имплементирање проекти во АД Лотарија, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за

ДМ ЗАСАДИ 264 САДНИЦИ ВО БИТОЛА Нова сезона на еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до

30/10/2026

Со засадување на вкупно 264 садници во две воспитно-образовни установи во Битола, компанијата dm drogerie markt ја започна новата сезона

ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЖЕРНОВСКИ ДА КЛЕВЕТИ Двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува

30/10/2026

Венко Филипче го прати талогот Андреј Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој се претставувал како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy