Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење носи ризик за опстанокот на дуќаните
Македонија

Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење носи ризик за опстанокот на дуќаните

30/01/2026

AA

Дали предложениот Закон за заштита од пушење може да значи клуч на врата за трафиките, тобаката и малите семејни дуќани? Малопродажните трговци сè погласно изразуваат загриженост дека најавените ригорозни мерки ќе имаат сериозно влијание врз нивниот опстанок и ќе доведат во прашање бројни работни места.

Според нив, станува збор за бизниси од кои егзистираат цели семејства, а новите ограничувања би можеле да предизвикаат далекусежни негативни последици врз малата трговија. Трговците предупредуваат дека без внимателна анализа и прилагодување на одредбите, законот може да резултира со значителен економски удар за оваа дејност.

Своите забелешки и реакции, малите трговци веќе ги доставуваат преку платформата ЕНЕР – Единствениот национален електронски регистар на прописи, каде што укажуваат на потребата од поголема вклученост и дијалог пред донесување на вакви решенија.

Тие го преплавија системот кој овозможува поднесување на коментари до 9-ти февруари. Со свои предлози и критики предничат сопствениците на дуќани и трафики, кои апелираат дека е неопходен поправеден систем кон малите трговци, со проценка на реалните ризици по семејните бизниси, бидејќи, како што додавааат, новиот закон нуди само забрани, но не и решенија за реалните проблеми со кои тие се соочуваат.

„Предложеното законско решение сериозно нѐ погодува нас, малите трговци, кои работиме легално согласно сите важечки законски прописи. Особено сме погодени сите што изминатите години инвестиравме значителни средства за да го уредиме продажниот простор со неопходната опрема, витрини и безбедносни системи, сето тоа прилагодено за продажба на тутунски производи од кои реално го заработуваме најголемиот дел од приходите. Со новите законски ограничувања, овие инвестиции практично стануваат бескорисни, а загубите за нас ќе бидат огромни. Особено се погодени продажните објекти кои се мал, семеен бизнис, на кои продажбата на цигари и тутунски производи им е главен извор на егзистенција“, пишува трговецот В.Берков на платформата ЕНЕР.

Тој додава дека вложувањата се направени со кредити и големи задолжувања, а оваа нагла промена ќе им предизвика сериозни финансиски проблеми, што за голем дел од нив би значело целосно затворање на бизнисот од кој се хранат многу семејства.

„Без преоден период, малите трговци ќе бидат доведени во неизвесна и хаотична состојба, бидејќи тоа значи нагло откажување на веќе потпишаните годишни договори со дистрибутерите на цигари и тутунски производи, преуредување на просторот, отстранување на брендингот од објектите… Сето тоа ќе доведе до финансиски колапс на малите продажни објекти, отпуштање на вработени, а кај голем дел тоа ќе значи целосно затворање на објектите“, коментира А. Киров.

„Изминатите години се инвестираа значителни суми за опрема и уредување на дуќаните, сето тоа преку кредити и задолжувања. Ова ќе биде крај за семејните бизниси на кои продажбата на цигари им е еден од главните извори“, нагласува Ј. Митрески.

Претходно и од Групацијата за производство на цигари побараа Законот за заштита од пушење да се усогласи со економската реалност во земјата, зашто тој негативно ќе се одрази и на државниот буџет. Групацијата истакнува дека нацрт-законот ќе доведе до сигурно намалување на работните места во тутунската индустрија и во угостителскиот сектор, како и тежок удар врз малопродажниот трговски сектор, кој се очекува да ја загрози егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажни места во државата, од кои голем дел се мали и семејни бизниси, без притоа да понуди модел решение и транзиционен период за прилагодување на тековната работа и залихи во сите канали.

– Забраната би предизвикала сериозни финансиски последици врз малите семејни бизниси (тобака, мини маркети), намалена продажба, но и поттикнување нелегална трговија. Дополнително, забраната би предизвикала спротивен ефект од она што ние со години се обидуваме да го постигнеме – контролирана комуникација и обучен вработен кадар кој се грижи информацијата да стигне само до полнолетните корисници, се нагласува во ставот на Групацијата.

Оттаму укажуваат и на сериозни финансиски последици и додаваат дека во Македонија активно работат две фабрики за производство на тутунски производи, кои придонесуваат со голем удел во приходите во државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат неколку стотини македонски граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја

21/09/2026

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy