Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 20 ГОДИНИ ВОДЕЛЕ МИНИСТЕРСТВО, АМА СО НЕПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ Стоилковиќ повтори дека нема повеќе фудбал во Министерството за односи меѓу заедниците
Македонија

20 ГОДИНИ ВОДЕЛЕ МИНИСТЕРСТВО, АМА СО НЕПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ Стоилковиќ повтори дека нема повеќе фудбал во Министерството за односи меѓу заедниците

30/01/2026

AA

Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци, истакна вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој вчера одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот фронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост.

Стоилковиќ кој претходно годинва објави како неговите претходници играле фудбал и спиеле во министерството, одговори на прашање од Хасани за избрканите службеници од работа, но и за поплаките за лошите услови во кои работеле вработените.

– Дваесет години го раководите Министерството, кое 20 години не е министерство, туку беше Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, па дури последните години стана Министерство. Вие се повикавте дека тоа Министерство се грижело за еднаквоста на граѓаните. Кога ќе кажете такво нешто, а не го поткрепите со аргументи, тогаш работите стануваат сосема поинакви. Значи станува збор за Министерство со систематизација од 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци. За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници, кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи исто така принципот за правична застапеност. Претпоставувам дека ниту вие, ниту оние кои го воделе Министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале – вели Стоилковиќ.

Тој посочи дека пред десетина години кога Генерален секретар на Владата бил Кирил Божиновски добил кривична пријава и седум години е по судовите, бидејќи голем дел од примените работници не оделе на работа, а примале личен доход.

– И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам по тој пат и тие што примаат плата, со години, а некои и со децении не оделе на работа да добијам кривична пријава и за време и дури подоцна да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек – вели Стоилковиќ.

Вицепремиерот Стоилковиќ е дециден дека тој што прима плата мора и да оди на работа. Тој додаде дека ниту еден раководител не е поместен од својата работна позиција, туку дека само еден раководител е казнет со 20% на плата, бидејќи, како што рече, му подметнувал документи.

Стоилковиќ посочи дека за видео снимките кои беа објавени, а на кои се гледа како спијат вработени во канцеларија условите за работи им биле одлични, а не како што се жалеле дека немале никакви услови. Овој заклучок го донеле надлежните инспектори, кои дошле да направат увид. Тој повтори дека нема веќе седење по дома и да се прима плата и какошто рече „ако тоа е нечовечки однос, да прифаќам“.

Што се однесува за врските со Белград и Москва што ги има Стоилковиќ рече дека не е ништо спорно.

– За Москва ќе ве потсетам дека мојата ќерка живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу голем пријател, како што се сеќавам. Така што заборавете на инсинуациите. Што се однесува до Белград ќе ве потсетам дека ја почестивте македонската држава и македонската јавност на најголемиот христијански празник Божик со Тиранска платформа, па каде вие одевте вие во Авганистан или во Тирана. Каде да одам јас, во матичната држава или некаде на трето место – рече Стоилковиќ.

Тој повтори дека во ова министерство веќе нема играње на фудбал по канцелариите или пак спиење на работните места.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy