Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Макрон и Шолц бараат нови избори во северно Косово
Регион

Макрон и Шолц бараат нови избори во северно Косово

01/06/2023

AA

Белград и Приштина повторно да одат на избори во северно Косово. 

Ова го предложија францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.  По заедничките средби на Макрон и Шолц со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, францускиот лидер изјави за новинарите дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори на кои само три отсто од запишаните гласачи излегоа на 23 април.

„Ги повикавме двете страни да организираат нови избори што е можно поскоро во четири општини (на северот на Косово) и на нив да учествуваат српските претставници“, изјави Макрон за новинарите по европскиот самит на политичката заедница.

Макрон изјави и дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ќе разговара со лидерите на Србија и Приштина за прашањето за одржување нови избори.

„Како што знаете, Германија и Франција предложија план и сега треба да се спроведе“, додаде Макрон. 

Oва се однесува на Договорот за патот кон нормализација на Белград и Приштина, за кој лидерите на двете страни се договорија на 27 февруари и 18 март.

Во близина на зградите на локалните самоуправи во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан денеска продолжија протестите на Србите. Тие четврти ден по ред протестираат. Во судирите меѓу граѓаните и војниците на КФОР и припадниците на косовската полиција во понеделникот десетици лица беа повредени од двете страни, пренесе српски Курир.

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека не се откажуваат и дека градоначалниците ќе доаѓаат на работа во канцелариите. 

Foto: EPA Christian Bruna, AP Andreea Alexandru

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44923
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

09/08/2026

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026

Центар за управување со кризи информира за пожари на отворен простор до 13:00 часот: Како што велат, регистрирани се вкупно

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина во Радишани

09/08/2026

Возач на „Сеат Алтеа“ му го пресекол патот на 19-годишниот Никола Макрачевски, кој со мотоцикл „Кавасаки“ се движел од спротивната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy