Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во првото полугодие од 2023 година
Економија

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во првото полугодие од 2023 година

31/07/2023

AA

Македонски Телеком го продолжува
позитивниот тренд на раст и развој во сите сегменти и во првото полугодие од 2023
година. Нашиот главен стратешки фокус останува на интензивното ширење и
зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G
инфраструктура, за да обезбедиме уште подобро корисничко искуство.

Оперативната
добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), којашто минатата
година бележеше пад, во првите шест месеци од 2023 е зголемена за 7,7 проценти
споредено со истиот период минатата година. И нето добивката е во пораст од
дури 29,8 проценти.

Вкупните
приходи од продажба се стабилни, во чии рамки се бележи раст на приходите од
основниот бизнис од 6,3% во мобилниот сегмент и 3,5% во фиксниот сегмент. 

Фокус на интензивно ширење и развој на
мрежата

Супериорноста на мрежата останува стратешки
приоритет и продолжува интензивното ширење на оптичката и 5G инфраструктура. Во
првите 6 месеци од годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 11% и
изнесува 290 000. Ова е резултат на планот за масовна миграција на корисниците
од бакар на оптика во сите делови од државата каде што има оптичко покривање.

Продолжува ширењето и на 5G мрежата,
којашто сега е достапна во поголемиот дел од земјата, а до крајот на годината
ќе покрива 70% од населението. 

Фокус
на зголемувањето на базата на корисници

Во првите 6 месеци од годината, бројот на
корисници се зголемува во сите сегменти, што 
е потврда за задоволството на корисниците измерено со TRI*M индекс од 94.

Бројот на корисници на широкопојасен
интернет е зголемен за 2,8  проценти и
изнесува 206,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна
за 2,8 проценти. 
Остануваме лидер на ТВ пазарот со удел од 33,8 проценти и раст од 1,2 проценти
или 148,7 илјади корисници. Во мобилните комуникации, базата на корисници е
зголемена за 3,1 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,27 милиони. Во
фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел од 61,5 проценти
и 225 илјади корисници. 

„Одличните финансиски резултати од првото
полугодие на 2023 година ја потврдуваат нашата долгорочна стратегија за континуирани
инвестиции во развојот на најдобрата мрежа и во супериорно корисничко искуство.
Остваривме раст на бројот на корисници во сите сегменти и интензивен развој на
оптиката, 5G технологијата и пристапот до широкопојасен интернет. И покрај сите
предизвици коишто денес влијаат врз бизнисите на глобално ниво, имаме стабилен
раст и развој и верувам дека ќе го продолжиме овој тренд и до крајот на
годината“ – истакна Славко Пројкоски, Главен директор за финансии на Македонски
Телеком. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45863
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ГИ ПРОДАДЕ

29/09/2026

Поранешната влада сама прифати услов за промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции во евроинтеграциите, вели премиерот

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy