Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија ја доби најлесната група во Лигата на Нации! (ФОТО)
Спорт

Македонија ја доби најлесната група во Лигата на Нации! (ФОТО)

08/02/2024

AA

Македонската фудбалска репрезентација се падна во најлесната група во четвртото издание од Лигата на Нации на УЕФА. Од попладневнава ждрепка, освен навивачите и фудбалерите, најмногу задоволен треба да биде селекторот Благоја Милевски. 

Македонија е во Ц4 групата, заедно со Ерменија, Фарски Острови и Латвија. Ерменците некако ни се судбина, зашто ова е третпат во последните четири ждррпки да се паднеме со оваа селекција. 

Од секоја група, пласман во нокаут фазата ќе обезбедат најдобрите две репрезентации, место една како порано. Тоа значи дека нема да се игра само полуфинале и финале, туку и четвртфинални дуели.

Првото коло од новото издание на Лигата на нации е на програмата од 5 до 7 септември, а завршува на 19 ноември 2024 година. Четвртфиналните дуели се од 20 до 25 март, а завршниот турнир е закажан за периодот од 4 до 8 јуни 2025 година.

Лигата на нации е поврзана и со Светското првенство во 2026 година каде пласман ќе обезбедат победниците на групите. Во дополнителни квалификации одат 12 второпласирани и четирите најдобри репрезентации во Лигата на нации кои не избориле пласман на Мундијалот преку квалификациите за СП.

Четвртопласираните екипи во Лигите А и Б автоматски испаѓаат во понизок ранг, а двете најлоши од Лигата Ц оди во Лига Д. Четирите победници на групи од Лигите Б и Ц како и двата победника од Лигата Д автоматски се промовираат во повисок ранг.

Третопласираните репрезентации од Лигата А и второпласираните од Лигата Б, како и третопласираните од Лигата Б и второпласираните од Лигата Ц ќе играат за промоција, односно опстанок на домашен и гостински терен. Истото важи и за двете најдобри четвртопласирани селекции од Лигата Ц со двете второпласирани од Лигата Д.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy