Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: 1.786 повици на 112, настрадаа три лица при пожари во последното деноноќие, а имаше над 36 пожари на отворено од коишто четири се уште се водат како активни
Македонија

ЦУК: 1.786 повици на 112, настрадаа три лица при пожари во последното деноноќие, а имаше над 36 пожари на отворено од коишто четири се уште се водат како активни

08/02/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.786 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 46,98%, а 53,02% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 56,60%, кон Итната медицинска помош 31,70%, а кон пожарникарите 9,06% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 9,06% со другите 53,02% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 954 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, во последното деноноќие имало 36 регистрирани по пријава, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Од „зимските“ 36 пожари на отворено во последното деноноќие, четири (4) се уште се водат како активни.

Регионалниот ЦУК Скопје, информираше за пожар во близина на с.Виниче на Скопска Црна Гора (Општина Гази Баба). За ова од ЦУК се известени пожарникарите од БППЗ на град Скопје, кои поради непристапност на теренот не можеле да интервенираат. Исто така, се известени и во Општина Гази Баба, како и ДЗС и ЈП Национални шуми – подружница „Караџица“.

Регионалниот ЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Пробиштип фо ставиле под контрола пожарот што избувнал на ден 06.02.2024 во 17:00 часот, во атарот на с. Јамиште. Екипата од Национални шуми-подружница „Пробиштип“ постојано ја следела ситуацијата иако се очекувало во текот на ноќните часови пожарот да биде самоизгаснат.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 17:15 часот, вчера на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК било добиено известување за два пожара на отворен простор: над с. Добри Дол (Општина Врапчиште) и над с. Корита во форинскиот дел (Општина Гостивар). Пожарот над с.Добри Дол првично бил во ниви, потоа излегол од контрола и се проширил на багремови дрвја и смреки. Местото било тешко пристапно заради граничење во просторот со пат и река можноста од проширување била намалена. Еден вработен од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“ во текот на ноќта бил задолжен да дежура и ако пожарот не се самоисгасне ќе алармира да се интервенира во тек на почетокот на денов.

Пожарот над с.Корита, исто така, е на тешко пристапниот терен и во текот ноќта екипата од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“ не можат да интервенира заради безбедносни причини. Екипата планирала да интервенира во текот на утринските часови, ако пожарот е се уште активен.

Инаку, вчера ЦУК извести дека три лица починаа при пожари: едно при гаснењето на пожар на отворено на сопствена нива кај с. Псача; едно при пожар на куќа во с. Косевица и едно лице при пожар на штала во с. Оџалија во Општина Карбинци.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy