ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за темите што ги кочат евроинтеграциите
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за кочењето на евроинтегративниот пат и дали ќе се отвори ова прашање на утрешната средба со Урсула Фон Дер Лајен, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е подготвен да разговара, а ставовите на опозицијата ги нарече „сѐ порадикални“.
– Па добро ние сме го кажале ставот многу пати до сега по тоа прашање. Јас немам што да додадам на тоа што сум го кажал и не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол, сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али-експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и да на крајот од денот да најдеме решение – рече Мицкоски.
.
Извор: plusinfo.mk