Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И СО МОЖНОСТ ЗА СУСПЕНЗИЈА Брисел не сака кандидатите да соработуваат со негови ривали и непријатели
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И СО МОЖНОСТ ЗА СУСПЕНЗИЈА Брисел не сака кандидатите да соработуваат со негови ривали и непријатели

30/09/2026

AA

Европската унија ќе ја отвори својата огромна економија за земјите што чекаат да се приклучат во нејзините редови, под услов тие да се согласат да застанат заедно со блокот против непријателските држави и индустриските ривали, се вели во нацрт-предлогот на Европската комисија до кој дојде Политико.

На земјите кандидати — од кои некои со децении чекаат да станат членки на ЕУ — ќе им биде понудена „постепена интеграција“ во единствениот пазар, вклучувајќи трговија без пречки и пристап до истражувачки програми, додека се работи на нивните апликации, се вели во нацрт-планот.

„Единствениот пазар е првиот приоритет за економска конвергенција“, стои во ревизијата на придобивките за „претпристапување“ што ќе им бидат понудени на земјите кандидати.
„Раната интеграција би отворила можности за бизнисите од Унијата, би ги зајакнала европските вредносни синџири и би ги намалила стратешките зависности. Комисијата ќе идентификува каде верификуваното регулаторно усогласување и капацитетот за спроведување дозволуваат подлабоко учество во истражувањето, иновациите и индустриската соработка, како и поширок пристап до пазарот. Приоритет треба да имаат можностите што ги унапредуваат подготовките за пристапување и ги задоволуваат заедничките економски и стратешки потреби“, пишува во нацрт документот.

Документот, надгледуван од главниот советник на Фон дер Лајен, Александар Адам, поранешен помошник на францускиот претседател Емануел Макрон, радикално би го променил пристапот на ЕУ кон земјите во нејзиното соседство. Во моментов, речиси сите економски придобивки од поблиската соработка се резервирани за членките, но ниту една нова држава нема пристапено по Хрватска во 2013 година.

Како дел од пакетот мерки на Адам, на Украина, Молдавија, Албанија и на Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани за забрзување на процесот на зачленување во наредните години. Останатите, како Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, се сведоци на одолговлекување на процесот, а растат и стравовите во ЕУ дека тие ќе се откажат или ќе гравитираат поблиску до Русија или до Кина.

Според планот на Комисијата, економските придобивки понудени на земјите кандидати ќе зависат од нивната поддршка за надворешно-политичките цели на ЕУ, при што пристапот до единствениот пазар ќе зависи од тоа тие да не споделуваат клучни технологии со непријателски држави и трговски ривали.

„Како што се продлабочува индустриската и пазарната интеграција, учеството во чувствителните сектори мора да биде придружено со соработка во скринингот на инвестициите, контролата на извозот, имплементацијата на санкциите и заштитата на чувствителните технологии“, се вели во документот.
„Проценките за пристап треба да го земат предвид стратешкото усогласување, критичните зависности и капацитетот за управување со ризиците за инфраструктурата и синџирите на снабдување. Онаму каде што тие услови не се исполнети, опсегот на учество треба да се прилагоди според важечкиот инструмент.“

Меѓу областите што се разгледуваат за поблиска соработка се полупроводниците, квантните технологии, биотехнологијата, вештачката интелигенција и вселената.

„Пристапувањето, сепак, бара време: земјите кандидати мора да завршат ригорозен процес заснован на заслуги и да испорачаат далекусежни и трајни реформи“, се вели во документот.

„Тоа време треба целосно стратешки да се искористи за да се подготви Унијата за поголемо членство и да се продлабочи постепената интеграција во области од заеднички интерес. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно (променливо). Пристапот треба да биде суспендиран или повлечен таму каде што е оправдано“, предупредува предлогот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45926
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ Обвинителството бара да му биде

01/10/2026

Нова истрага е отворена против Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, овојпат за давање поткуп на службено лице

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски прашува зошто уште ние треба

01/10/2026

Често на состаноците во НАТО кажувам дека, ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа унија, рамноправни и еднакви,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy