Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лога-Дамева: Институционалната соработка ќе се интензивира
Македонија

Лога-Дамева: Институционалната соработка ќе се интензивира

18/01/2024

AA

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со легитимната претседателка на Судски совет, Весна Дамева на која се дискутираше за актуелните случувања во двете институции.

Одлуката на Управниот суд со која Дамева се врати на претседателското место влева надеж за враќање на довербата во институциите, како и неопходноста од законито и одговорно работење.

Министерот Лога ја поздрави одлуката на мнозинството членови на Судски совет за запирање на постапката за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Поздравени беа и постапките на двајцата поранешни членови на Судски совет, врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова и апелациониот судија, Зоран Герасимовски кои си поднесоа оставки поради одлуката за незаконско разрешување на Дамева од претседателската функција.
Дамева изрази благодарност до министерот Лога за сите активнисти кои тој ги презеде во изминатиот период и неговите укажувања за работењето и постапувањето на Судскиот совет, со што се докажа дека на оваа институција и се неопходни реформи.

На средбата се разговараше за Стратегијата за развој на правосудниот систем ( 2024-2028) и мерките кои се предвидени со неа за реформите во изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судски совет. Стратегијата во целост е усогласена со препораките на Оценската мисија за што претседателката на советот, Дамева изрази подготвеност тие да се имплементираат.

Министерот Лога информираше дека во текот на наредната недела од страна на Работната група ќе биде подготвена драфт верзијата за законските измени за Судски совет. Од Судскиот совет беше побарано сите предмети и дописи на Министерството за правда кои беа испратени до нив да се разгледаат во најкус можен рок.

Институционалната соработка на Министерството за правда и Судскиот совет ќе се интензивира и во наредниот период преку взаемна соработка и проекти со цел да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy