Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛИДЛ КУПИ ЗЕМЈИШТЕ ВО КУМАНОВО – Еве каде ќе биде логистичкиот центар
Економија

ЛИДЛ КУПИ ЗЕМЈИШТЕ ВО КУМАНОВО – Еве каде ќе биде логистичкиот центар

01/09/2023

AA

Познатиот трговски ланец „Лидл“ ќе гради логистички центар во индустриска развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово.

Нивната компанија во земајва вчера купи земјиште со површина од 17 хектари (170.996м2) за кои ќе плати 5,3 милиони евра.

Информацијата ја обелодени Општина Куманово која информира дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец „Лидл“ за изградба на логистички центар.

На јавното наддавање по пат на електронска аукција учестувале 3 компании.

„Најповолен понудувач со највисока понудена цена имаше компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1.906 денари за 1 метар квадратен, или вкупно за 170.996 м2 (~17ха) е 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра)“, соопшти општината.

Од таму појаснуваат дека по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата.

Од деталите може да се види дека општина Куманово спроведе постапка за отуѓување на градежно земјиште во сопстевеност по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре. 

Фактор веќе пишуваше дека компанијата „Лидл“ се подготвува за отворање на првите продавници во земјава. 

Како што информиравме, неофицијално тие ќе отворат продавница на местото на поранешен „Бриколаж“, која пак се пресели во еден од објектите преку улица, поточно во поранешен објект на „Тинекс“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy