Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лице четири дена заглавено во викендица во месноста „Гатеново“, одбило да биде пренесено бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња
Македонија

Лице четири дена заглавено во викендица во месноста „Гатеново“, одбило да биде пренесено бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња

18/12/2023

AA

Регионалниот ЦУК Велес информира дека висината на снежна покривка изнесува до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан. Непрооден е патот до с. Радња (земјен пат).

Во 15:05 часот преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиено известување дека едно лице е веќе четири дена заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, поради големи снежни наноси и е останат без таблети за притисок и без храна. Тоа било на четири километри по воздушна линија над селото Радња. Регионалниот ЦУК Кавадарци во 15.10 часот контактирал со лице од зимската службата и добиен е одговор дека во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до с. Радња.

Од лице од зимската службата му е понудено од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци.

Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња. Во 15:35 часот е контактирано со градоначалникот Митко Јанчев и тој во 16:00 часот потврди дека поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот е ризично да пратат вечерва трактор со месноста „Гатеново“.

Од тие причини е контактирано лицето и е договорено утре по него во 06:45 часот да тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки. Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да им го покаже патот бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy