Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Крвта е лек за кој нема замена, а дарувањето е највисокиот чин на хуманост“
Македонија

„Крвта е лек за кој нема замена, а дарувањето е највисокиот чин на хуманост“

04/02/2024

AA

„Секојдневното пренесување на искуство од колегите, како и поддршката и можноста за обуки се мотивот да продолжам понатаму. Нашата работа е хумана, затоа што преку дарување крв спасуваме човечки животи. Имаме убава работна атмосфера, добри услови за работа и менаџмент што се грижи за вработените. Крвта е лек за кој нема замена, а дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост. Донирај крв, спаси живот“, вели Сара Бојчова, медицински лаборант во Институт за Трансфузиона медицина.

Крвта е лек за кој што нема соодветна замена. Таа и продуктите што се добиваат од неа наоѓаат широка примена во лекувањето на голем број на болни и имаат бесценета улога. Крвта е неопходна при операции, за лица со анемии и други болести на крвта, за родилки, и за многу други состојби.

Во итни случаи на болните и повредените кои се животно загрозени, крвта им е потребна веднаш. Затоа мора во секое време да има доволни количини на крв и крвни компоненти, кои се контролирани и безбедни за употреба.

Крвта треба да ги чека пациентите, а не пациентите да ја чекаат крвта.

Ова може да се постигне само доколку трансфузиолошката служба во секое време располага со доволни резерви на крв и крвни компоненти (плазма, тромбоцити, криопреципитат), а тоа пак зависи исклучиво од сите нас кои сме одлучиле да станеме крводарители.

Да не заборавиме дека да се дарува крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните. Секому од нас може некогаш во животот може да ни биде потребна терапија со крв и крвни компоненти. Затоа, да не ги забораваме оние за кои половина час од нашето време и една кесичка крв значат можност за живот. Само така може да сме сигурни дека ако некогаш и ние сме во болест  некој ќе оддели половина час за да ни даде нов живот.

Светската здравствена организација препорачува дека само доброволното, анонимно и неплатено дарување крв може да ги задоволи потребите за безбедна крв. Фамилијарното крводарување треба да се избегнува, но сепак некогаш заради специфични причини (ретка крвна група или други непаланирани појави) може да има потреба некој од семејството на болниот да дарува крв за него. Тоа се ретки и спорадични појави.

Платеното дарување во нашата земја не постои. Исто е и секаде во светот, освен во некои земји каде здравствените системи се на многу ниско ниво, а со тоа и безбедноста на крвта од платени дарители е во многу мали количини или ја нема.

Секоја единица крв од доброволните дарители се контролира за присуство на заразни заболувања (жолтица Б и Ц, сида, сифилис), како и за крвна група и Рх фактор и антитела. Таа контрола трае 24 часа. Значи, доколку за некој болен или повреден  дарува крв негов близок од семејството (фамилијарно дарување), крвта не може веднаш да ја прими пациентот токму поради времетраењето на контролата и несоодветни крвни групи. Резултатите од овие тестови се анонимни и доверливи и достапни се само на дарителот и на медицинските работници, вклучени во тестирањето и процесот на контрола на квалитетот. За евентуалните позитивни резултати дарителот ќе биде известен и поканет на повторно тестирање или упатен во други соодветни институции за понатамошни иследувања или терапија.

Запаметете НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДАРУВА КРВ ЗА ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ ЗА БОЛЕСТИ ПРЕНОСЛИВИ ПРЕКУ КРВ.

Крв се дарува само со големо човекољубие и желба да се помогне. Тоа е највисок чин на алтруизам и хуманост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy