Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крмозови меѓу себе фиктивно си продавале недвижен имот од 4.000 до 20.000 евра за метар квадратен
Македонија

Крмозови меѓу себе фиктивно си продавале недвижен имот од 4.000 до 20.000 евра за метар квадратен

10/06/2025

AA

Во најобемниот досега отворен предмет за финансиски злоупотреби, откриени се сериозни нерегуларности во работењето на компаниите поврзани со фамилијата Крмозов. Обвинителката Верица Бержецка-Крстева истакна дека меѓу обвинетите постоела практика на склучување фиктивни договори за купопродажба на недвижен имот, при што истиот имот бил препродаван повеќе пати, понекогаш и за енормни суми од 4.000 до дури 20.000 евра за метар квадратен, јавува репортерот на 4NEWS.mk од брифингот во ОЈО ГОКК.

„Тоа што е уште пофрапантно е што овие простории воопшто не биле сопственост на правните лица кои ги продавале, туку тие ги препродавале меѓусебе со лажна документација“, објасни Бержецка-Крстева.

Обвинителката посочи дека само 90% од активностите на овие правни лица се однесувале на продажба на недвижности, а преку сложени маневри, вклучувајќи и прикажување уништување на градежна механизација и измами со даночни обврски, компаниите имале корист од милиони евра. Само од влезниот ДДВ, кој изнесувал од 20 до 125 милиони денари, купувачите барале поврат, прикажувајќи ги трансакциите како легитимни пред Управата за јавни приходи (УЈП).

Љупчо Коцевски појасни дека мерката притвор е предлог само за 3,1% од осомничените во 2024 година, а предметот содржи повеќе од 2.000 страници документи, што го прави најобемен случај досега. Ислам Абази додаде дека во истрагата се опфатени 23 физички и 15 правни лица, со проценета штета од околу 90 милиони евра.

Во моментов, имотот на неколку правни лица, како и возила и работни машини, е замрзнат, а истрагата може да се прошири и кон други осомничени. Обвинителката посочи дека редовното ре-програмирање на даночните обврски на овие компании и одобрувањето на поврати од страна на УЈП го олесниле криминалното работење.

Овој случај ги открива сложените механизми на лажно документирање и финансиски измами, кои со децении опстојувале во бизнисите поврзани со фамилијата Крмозов и нивните соработници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy