Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИЗНАТА СОСТОЈБА ЗА ГОРИВАТА ПРОДОЛЖУВА Ризици во снабдувањето со нафта до 20 јули
Македонија

КРИЗНАТА СОСТОЈБА ЗА ГОРИВАТА ПРОДОЛЖУВА Ризици во снабдувањето со нафта до 20 јули

16/04/2026

AA

Собранието денеска одлучи да ја продолжи кризна состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на земјата. Според одлуката, мерката ќе важи до 20 јули 2026 година и ќе започне да се применува од 21 април, по објавувањето во „Службен весник“.

Продолжувањето следува поради неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба, особено по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата во транспортот на сурова нафта преку Ормускиот Теснец еден од најважните светски енергетски коридори.

Надлежните институции проценуваат дека по нападите кон крајот на февруари и блокирањето на дел од поморските патишта, протокот на нафта низ Ормускиот Теснец е значително намален. Тоа, според нив, создава ризик од глобален недостиг и раст на цените, што директно може да се одрази и на домашниот пазар.

Владата веќе најави мерки за ублажување на последиците, меѓу кои намалување на ДДВ за енергенсите и намалување на акцизите за дизелот и безоловните бензини, со цел да се зачува стандардот на граѓаните и да се обезбеди стабилно снабдување.

Надлежните тела за управување со кризи оценија дека причините за воведување на кризна состојба сè уште постојат, па Собранието ѝ овозможи на Владата и во наредниот период да продолжи со мерки за стабилизирање на снабдувањето со енергенси.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Реакција од Катастар: Забелешките на ревизорите се за 2024 година,

16/04/2026
Македонија

По пола век човекот стигна пак до месечината, а од

16/04/2026
Македонија

НЕ ДОЈДОА СВЕДОЦИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНИ Одбраната не дозволи

16/04/2026
Македонија

Собранието одлучи: Продолжена кризната состојба за снабдување со нафтени деривати

16/04/2026
Македонија

КРИЗНАТА СОСТОЈБА ЗА ГОРИВАТА ПРОДОЛЖУВА Ризици во снабдувањето со нафта

16/04/2026
Македонија

Холандија донираше специјализирани возила за МВР за поефикасно справување со

16/04/2026
Македонија

Факултети без греење и урнати домови: Студентите со остри критики

16/04/2026
Македонија

НЕМА ПРОБЛЕМ СО ВОЗАЧКИТЕ Имаме залихи за 3 години, тврдат

16/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42538
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Реакција од Катастар: Забелешките на ревизорите се за 2024 година, пропустите се наследени од претходното

16/04/2026

Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) излезе со официјално појаснување во врска со наодите од неодамнешниот извештај на Државниот завод

По пола век човекот стигна пак до месечината, а од јуни и битолчани до Прилеп

16/04/2026

Од јуни оваа година, градовите Прилеп и Битола ќе бидат поврзани со нова меѓуградска железничка линија. Како што најави министерот

НЕ ДОЈДОА СВЕДОЦИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНИ Одбраната не дозволи да се повлечат истрауматизираните сведоци,

16/04/2026

Ниту еден од шестемина предложени сведоци на Јавното обвинителство денеска не се појави на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy