Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за шест инспектори од Државниот пазарен инспекторат
Магазин

Кривична пријава за шест инспектори од Државниот пазарен инспекторат

29/03/2024

AA

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ.
 
„Во текот на март и април 2023 година,  преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина  на Бит Пазар, Скопје, за  кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење  а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека  постапуваат,  на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност,  да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот  закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три  објекти како  менувачници,  ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност,  ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и  опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра. Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на  вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, стои во соопштението од СВР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јаневска: Ќе воспоставиме стабилен систем за спречување на врсничкото насилство

04/09/2026
Македонија

Пожарот кај Грачани и натаму активен, нови жаришта кај Струга

04/09/2026
Македонија

Скопјанец приведен по кражба на пригушници од железничката пруга

04/09/2026
Македонија

Од денеска исплата на социјалните и детските права за август

04/09/2026

Сончево и топло до средината на следната недела

04/09/2026

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над

04/09/2026
Македонија

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми

04/09/2026
Македонија

Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45452
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јаневска: Ќе воспоставиме стабилен систем за спречување на врсничкото насилство

04/09/2026

Системот за справување со врсничкото насилство треба да функционира континуирано, а не само преку поединечни кампањи и проекти, најави министерката

Пожарот кај Грачани и натаму активен, нови жаришта кај Струга и Жеден

04/09/2026

И покрај врнежите што ја зафатија земјата, опасноста од пожари на отворен простор и натаму останува висока. Во текот на

Скопјанец приведен по кражба на пригушници од железничката пруга

04/09/2026

Полицијата приведе 45-годишен скопјанец, кој се сомничи дека извршил две тешки кражби на пригушници од железничка пруга во Скопје. Како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy