
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ – исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО
Поранешниот долгогодишен директор, а сега претседател на Управниот одбор на „Гранит“ Страшо Милковски, се стекнал со 4.200 акции на компанијата. И неговата ќерка, Ивана Милковска Симева, која е претседател на Надзорниот одбор, се стекнала со истата количина на акции.
За тоа компанијата ја извести јавноста преку ценовно чувствителна информација на Берзата.
Кога менаџментот купува акции од компанијата, тоа се смета како добар потег, кој влева доверба кај инвеститорите, бидејќи луѓето што го раководат бизнисот веруваат во неговите перспективи, стабилност, и потенцијал за развој.
„Известуваме дека Претседателот на Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, Страшо Милковски се стекна со 4.200 обични акции и Претседателот
на Надзорниот Одбор на ГД Гранит АД Скопје, Ивана Милковска Симева се стекна со 4.200 обични акции од
издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје“, се вели во објавата на компанијата.
Гранит е една од најтргуваните акции на Берзата.
На последното тргување вчера просечната цена на една акција на „Гранит“ беше 1.230 денари по акција.