Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крива Паланка и годинава со поддршка за матурантите – по 3.000 денари за секој ученик
Македонија

Крива Паланка и годинава со поддршка за матурантите – по 3.000 денари за секој ученик

12/05/2026

AA

Општина Крива Паланка и оваа година продолжи со поддршката за младите, при што сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“ добија по 3.000 денари како финансиска помош во пресрет на матурските прослави.

Средствата денеска се исплатени на сметките на учениците, како симболичен гест по повод завршувањето на средното образование – еден од најзначајните моменти во животот на младите.

Оваа мерка се спроведува четврта година по ред и претставува дел од континуираните политики на локалната самоуправа насочени кон поддршка, мотивација и создавање подобри услови за развој на младите.

Од општината нагласуваат дека со ваквите активности се испраќа порака дека младите се во фокусот на локалните политики и дека нивниот успех е директно поврзан со развојот на заедницата.

Поддршката за матурантите е дел од поширок пакет мерки кој опфаќа и субвенции за дигитални уреди и велосипеди, еднократна помош за новороденчиња, субвенции за детска опрема, како и вложувања во образовна, спортска и детска инфраструктура.

Градоначалникот Сашко Митовски истакна дека младите се најважната инвестиција за иднината на градот.

„Матурата е важен животен момент и наша обврска е да бидеме поддршка во тие мигови. Веруваме во потенцијалот на младите и во нивната улога како двигатели на позитивни промени“, порача Митовски.

Од општината упатија и честитки до сите матуранти за успешно завршеното образование, со желби за успех во идните животни предизвици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
Македонија

Сопственик на штала физички нападнал пожарникари што гаселе пожар кај

14/08/2026
Македонија

Невреме со засилен ветер и грмежи зафати делови од Македонија

14/08/2026
Македонија

НЕ ПИЈТЕ: Забранета за користење водата во Демир Капија

14/08/2026
Македонија

Нов смртен случај по убод од комарец во Скопје

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45024
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана, уапсени повеќе лица

14/08/2026

Голема меѓународна полициска операција резултираше со сузбивање на организирана криминална група за прекугранична трговија со дрога. Во досегашниот тек од

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во Скопје

14/08/2026

На 18 август, вторник, ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје. Како што

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години,

14/08/2026

Водата од водоводниот систем во Гостивар е целосно безбедна за пиење и за сите останати потреби, соопштија надлежните на денешната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy