СЕДМИЦАТА ЌЕ БИДЕ СВЕЖА, ЌЕ ПОЧНЕ СО ДОЖДОВИ Ветрот локално ќе засили и до 50км/час
Топлото време утре ќе добие понестабилно лице. Облаците ќе носат повремени локални врнежи, а на одредени места УХМР очекува и краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дождот нема да заврши со денот, туку локално ќе продолжи и во текот на ноќта кон вторник.
До крајот на работната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, но ќе има и сончеви периоди.
До среда ќе дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе надминува 50 километри на час. Нов пресврт се очекува во петок попладне, кога повторно се враќаат врнежите.
.
Извор: plusinfo.mk