Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски вели дека има институции кои можат да го испитаат сомнежот за „Соравија“
Македонија

Ковачевски вели дека има институции кои можат да го испитаат сомнежот за „Соравија“

23/06/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да го коментира купувањето на „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и упати на надлежните институции доколку постои било каков сомнеж.

– Доколку некој изрази сомнеж во однос на било која трансакција тогаш за тоа се задолжени институциите кои тоа можат да го испитаат. Доколку имате прашања треба да ги поставите до оние кои се учесници во правниот промет, а тоа се приватните компании коишто учествуваат. Кој чиј роднина е, единствено се проверува во Централниот регистар, а она што најдобро ги потврдува аквизициите на компаниите, тоа е текот на финансиските средства кое единствено се проверуваат преку банките и преку управите во Министерството за финансии, изјави денеска Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Претходно, денеска на прес-конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска изјави дека не може да постапуваат бидејќи внукот на Ахмети не е избрано и именувано лице.

– Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот?, рече Ивановска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy