Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“  Владејачката партија бара обвинителството да ги истражи деловните односи на поранешната влада со Алта банка-Белград
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“ Владејачката партија бара обвинителството да ги истражи деловните односи на поранешната влада со Алта банка-Белград

14/11/2026

AA

ВМРО-ДПМНЕ бара јавното обвинителство да поведе истрага за да ги испита владините одлуки од времето на СДСМ и ДУИ  од 2023 година  за деловните односи со Алта банка и за кредитот на компанијата на сватот на Али Ахмети од 5 милиони евра.

Партијата бара да се испитаат и сите евентуално поврзани трансакции со банката.

Од партијата преку соопштение денеска соопштија дека се сомневаат дека тоа била причина поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими во 2023 година да поднесе точката на на дневен ред на владина седница која се однесува на деловните односи со „Алта банка”.

Партијата прашува дали трагите на парите  водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети?.

– Додека СДСМ глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград. Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со Алта банка. Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува АС Сењак, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од Алта банка во Белград“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ парашуваат дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДСМ и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка.

„Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?“, прашуваат од партијата.

За партијата е посебно симптоматично што СДСМ денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.

„Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо. Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции. Кој ја отвори вратата за Алта банка, кој имал корист и зошто СДСМ денес молчи за своите функционери?“, се вели во соопштението.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46765
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае со денови

13/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата

13/11/2026

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на Алта банка и губење на пари

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ Клековски апелира за данок на

13/11/2026

Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy