Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Успеавме да воспоставиме систем што функционира, апелирам до сите на работа во интерес на граѓаните и државата, пред нас е европска иднина
Македонија

Ковачевски: Успеавме да воспоставиме систем што функционира, апелирам до сите на работа во интерес на граѓаните и државата, пред нас е европска иднина

29/01/2024

AA

Досегашниот претседател на Владата Димитар Ковачевски, по примопредавањето на претседателската функција на новоизбраниот претседател на преодната Влада, Талат Џафери, даде изјава за медиумите, заедно со премиерот Џафери.

Во продолжение е интегрален текст од изјавата на премиерот Ковачевски.

„Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Денеска го реализиравме примопредавањето на функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија, согласно законските обврски за формирање техничка Влада, чија што основна задача е да организира и спроведе слободни, фер и демократски редовни претседателски и парламентарни  избори.

На г-динот Талат Џафери му посакувам успешна работа како претседател на преодната Влада, како и на сите министри и заменици министри. Верувам дека Владата ќе остане цврсто посветена на граѓанските и на државните приоритети, согласно законските надлежности.

Новата Влада, во претстојните 100 дена, треба да организира двојни, претседателски и парламентарни избори. Истовремено, нашата држава, како и светот, сè уште е исправена пред многу предизвици.

Треба да се удвојат напорите и согласно законите да се одговори на тековните потреби на граѓаните и на обврските што следат. Сите започнати политики, базирани на солидарноста, грижата за сите, поддршката на животниот стандард и бизнисот, мора целосно и континуирано да продолжат и да се реализираат. Очекувам посветеност во работата и концентрацијата на сите во Владата, и во оваа насока сметам дека работата ќе биде на највисоко ниво

Апелирам, до сите политички субјекти, коишто од денеска партиципираат во Владата – да го имаат предвид целиот актуелен контекст. Барам и повикувам Владата и сите во неа, без разлика на партиската припадност да работат само во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и стабилноста, на вкупниот државен и граѓански интерес.

Владата успеа да воспостави систем кој функционира во време на криза и кој дава резултати. Политиките се поставени, мерките се јасни, тие се целосно во интерес на граѓаните и економијата. Очекувам сите да покажат јасна политичка волја, за да се продолжи и одржи економската и политичката стабилност и да се спроведат мирни, фер и демократски избори, како што доликува на држава членка на НАТО и држава со отпочнати преговори со Европската Унија.

Изминативе две години не беа воопшто лесни. Ова беа години на исклучително голема европска па и светска економска и енергетска криза, но и покрај кризата успеавме да направиме многу. И во оваа прилика сакам да се заблагодарам на членовите на Владата во мојот мандат за успешно завршената работа и успешното справување со предизвиците.

Во овие две години, никого не оставивме сам, се посветивме на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите, на енергетскиот развој, на зголемување на вработеноста.

Уште во првиот месец преку отворен дијалог успеавме да направиме историски исчекор и веднаш да ја зголемиме минималната плата, но и да воспоставивме методологија за континуиран раст. Застанавме на страната на работниците и конечно системски го решивме тој проблем, еднаш засекогаш. Резултатите се видливи!

Просечната плата денес е над 630 евра, и ќе расте. Многу повеќе од ветувањето за 500 евра до 2023 година. И најважно, со воведеното системско решение, платите ќе продолжат да растат.

Пензиите исто системски ги решивме, а пензионерите ги заштитивме и покажавме почит кон нив, затоа што тоа и го заслужуваат. Минималната пензија е за 50% повисока од онаа во 2016, а пензионерите денес добиваат во просек по 6.000 денари повеќе. Во неизборна година ја донесовме методологијата за раст на пензиите и тој проблем е веќе решен. Дополнително, за пензионерите со пониски пензии, воведовме систем за поддршка. И ќе продолжиме со таа политика и понатаму!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy