Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин
Македонија

Ковачевски: Прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин

05/10/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека е можно повторно да има лидерска средба на која ќе учествуваат сите лидери на партиите, со оглед на тоа што одлуките за свикување на избори се носат со консенсуз, но останува на ставот дека сега имаме поважен процес во државата од изборите, а тоа е носење на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Ковачевски потенцираше дека прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин.

-Ние можеме уште во понеделник да закажеме седница на Собранието на која ќе бидат изгласани уставните амандмани и истиот ден да се закажат предвремени парламентарни избори. Исто така, на маса е и друг предлог, а тоа е да се почне процесот на уставните измени. ВМРО ДПМНЕ да биде дел од Владата како што бараа, и притоа да биде завршен скринингот, да се отворат поглавјата од првиот кластер, да затвориме едно или две поглавја и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори, што секако би претставувало некаков договор во однос на најважното прашање кое го имаме за граѓаните и за државата, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Гранада, одговорајќи на новинарско прашање за барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба на која би се утврдил датумот за одржување на предвремени парламентарни избори.

Се друго, според премиерот, е разговор на теми кои му значат само на некого што сака без политичка програма да дојде на власт.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Гранада, Ковачевски рече дека парламентарните избори се дефинирани согласно закон, исто како што се дефинирани и претседателските избори.

Во врска со измените на Изборниот законик, Ковачевски посочи дека во рамките на Министерството за правда работи работна група за измени на Изборниот законик, предводена од поранешен член на ДИК. Како што рече, во таа работна група учествуваат претставници на сите политички партии, освен претставник на ВМРО ДПМНЕ.

-Во таа работна група учествуваат претставници на сите политички партии, освен претставник на ВМРО ДПМНЕ, по нивна волја. Иако, кога се формираше работната група не само што беа повикани, туку и беше понудено претседател на Комисијата да биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тие одбија. Кај нас точно е дефинирано кога ќе се одржат претседателски избори и кога ќе се одржат парламентарни избори во нивните редовни термини, потенцираше Ковачевски.

Во однос на набљудувачките мисии, Ковачевски рече дека штом ќе се распишат изборите, претседателски или парламентарни, тогаш се испраќа барање до ОСБЕ/ОДИХР да испрати долгорочна мисија која што ќе го набљудува целиот процес на подготовка на изборите. Посочи дека со почетокот на изборната кампања и одржувањето на самите избори, доаѓа набљудувачка теренска мисија која што ги надгледува изборите и нивното одржување и потоа поднесува извештај. Овие постапки се спроведуваат откако ќе бидат распишани изборите.

Коментирајќи го ставот на Мицкоски дека „можеби Фројд влијае на Ковачевски, па тој може да биде фрустриран од ситници“, Ковачевски тврди дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од „гастроентерхепатолошка природа“.

-Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кoja тој споменуваше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од гастроентерхепатолошка природа, со оглед на блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА

17/11/2026
Македонија

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ

17/11/2026
Македонија

ЦУК СПРЕМА АПЛИКАЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ Граѓаните ќе

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7, А ЈА ОСТАВИ СО

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ, А

17/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПАК СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПОЛИТИЧКИ ЛЕШИНАР Протестот на СДСМ

17/11/2026
Македонија

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да

16/11/2026
Македонија

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46803
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА НАРАЧАН ОД ИРАН Ирански прокси

17/11/2026

Изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, кои иранските разузнавачки

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ САРА Обвинет е за три

17/11/2026

Основниот суд во Охрид му одреди притвор во траење до 30 дена на 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за насилството врз

ЦУК СПРЕМА АПЛИКАЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ Граѓаните ќе можат дискретно да испратат видео

17/11/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) спрема нова мобилна апликација што може да помогне во спасувањето човечки животи. Граѓаните ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy