Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски по работната посета на Париз: Унапредувањето на заедничката соработка е клучно за просперитетот, стабилноста и безбедноста на Европа
Македонија

Ковачевски по работната посета на Париз: Унапредувањето на заедничката соработка е клучно за просперитетот, стабилноста и безбедноста на Европа

10/11/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, даде изјава по работната посета на Париз, во којашто ја оцени како успешна, земајќи предвид дека со бројни лидери на држави и влади сподели видувања околу справувањето со предизвиците во глобален контекст, имаше средба со висок американски дипломат, а при официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на македонски јазик.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на премиерот Ковачевски:

„Драго ми е што во текот на мојата работна посета на Париз, имав можност да бидам првиот македонски премиер кој имаше официјална средба со директорката на УНЕСКО и притоа да се обратам на македонски јазик пред земјите членки, пред претставниците земји членки, на годишната конференција на УНЕСКО.

На состанокот со директорката имавме можност да разговаравме во однос на Охридскиот регион којшто го задржа статусот на природно и културно светско наследство и секако разговаравме за понатамошните чекори во однос на заштита и унапредување на овој светски значаен регион.

Во текот на вечерта, бев на работна вечера кај претседателот на Франција, господинот Макрон, на којашто присуствуваа претседатели и премиери на други земји, секако и претседатели и директори на меѓународни институции кои се од исклучително високо значење како за нас, така и за сите земји во Европа и светот. На самата средба разговаравме за актуелните случувања кои се од значење за регионот и за Европа, а во светло на војната којашто се води во Украина и на војната којашто се води на Блискиот Исток. И можевме да размениме искуства во однос на справувањето со предизвиците коишто сите земји ги имаат, меѓутоа и за заедничките напори коишто сите ги правиме.

Беше присутен и претседателот на Европскиот совет, како и претседатели и премиери на земји членки на ЕУ, со кои можевме да поразговараме за Планот за раст за Западен Балкан, којшто во детали почнува да се преточува во акциони планови, а за што ќе следуваат активности во наредниот период.

Во текот на денешниот ден бев присутен на отворањето на 6-от Париски мировен форум, на којшто присуствуваа, покрај францускиот претседател, како домаќин, и претседатели и премиери на голем број држави, вклучително и претставници на меѓународни финансиски и други организации. Ова е одлична можност на којашто земјите и претставниците на меѓународните организации можат да разменат искуства во однос на предизвиците со коишто се соочува светот во моментов, а ги има многу.

Разговаравме за оние теми што се најзначајни, а подетално разговаравме во делот на мерките коишто ги преземаме во делот на справувањето со предизвиците, секако и во однос на остварувањето на целите за долгорочен одржлив развој. Јас ги споделив искуствата што како држава ги имаме во однос на успешните справувања со енергетската и економска криза.

Светска банка веќе објави дека Северна Македонија го имаше најголемиот пакет антикризни мерки во регионот, од 760 милиони евра. Разговаравме и во делот на зголемувањето на платите и пензиите, што кај нас се случија во континуитет во текот на изминатите години. За намалувањето на невработеноста од 26% на 14%, зголемувањето на вработеноста. За намалувањето на младинската невработеност. Секако и за унапредувањето на правата на ранливите категории на граѓани, унапредувањето на правата на Ромите. Разговаравме и во однос на обезбедување што подобра енергетска позиција и енергетска независност на Северна Македонија, при што ги истакнав нашите инвестиции коишто се направени во државата во текот на изминатите веќе 2 години, а коишто претставуваат најголемо инсталирање на обновливи извори на енергија од осамостојувањето на нашата држава.

Парискиот мировен форум претставува одлично место каде што можат да се разменат голем број искуства меѓу присутните земји и на којшто се разговара во однос на унапредувањето на заедничката соработка.

Имав средба и со новиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија на САД, господинот О’Брајан, со кого разговаравме за билатералната соработка меѓу нашата држава и САД, со коишто имаме стратешки дијалог. Секако дека разговаравме и за динамиката на најзначајните политички и економски теми во нашата држава и во регионот на Западен Балкан.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy