Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕК СО ОСТРИ КРИТИКИ ЗА ДРЖАВНАТА ПОМОШ: Информациите нецелосни, критериумите за избор на корисници нејасни
Економија

ЕК СО ОСТРИ КРИТИКИ ЗА ДРЖАВНАТА ПОМОШ: Информациите нецелосни, критериумите за избор на корисници нејасни

10/11/2023

AA

Извештајот на Европската комисија дава реалистична слика за македонската
економија во периодот на енергетска и ценовна криза, со нагласен критички тон
за клучни реформски приоритети за кои постои ограничен напредок и кои се
повторуваат во секој извештај, посочува „Фајненс тинк“ во спојот последен
коментар посветен на извештајот на ЕК.

– Извештајот ја нагласува потребата мерките за
справување со последиците од енергетската криза да бидат таргетирани кон
ранливите слоеви од населението и да бидат од времен карактер. Извештајот
забалежува дека Владата и Министерството за финансии презедоа и несоодветно
управуваат со повеќе фискални ризици, чијашто материјализација ќе се рефлектира
и врз ерозија на јавните финансии, и дополнително ќе влијае врз инфлависките
притисоци. Тоа се ризиците за кои постојано се произнесува и домашната
експертска јавност, и тоа: Намерата растот на платите во јавниот сектор да се
врзе со растот на просечната плата, за што и Finance Think укажа дека ќе доведе
до статистички-експлозивен процес, имајќи предвид дека платите во јавниот
сектор се составен дел од пресметката на просечната плата, така што, технички
гледано, растот на просечната плата ќе води кон раст на платите во јавниот
сектор, а тоа веднаш ќе се одрази врз раст на просечната плата, и така во круг
без крај – објаснуваат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс
тинк“

Тие воедно дополнуваат дека оваа намера треба да се напушти, а платите во
јавниот сектор да се врзат за агрегат во чија пресметка не влегуваат
или влегуваат индиректно, како на пример, продуктивноста или просечната плата
во приватниот сектор.

Уште еден проблематичен сегмент на кој укажува ЕК, како што посочува
„Фајненс тинк“, е изградбата на автопатските коридори 8 и 10д, со изведувачот
Бехтел-Енка, за чија реализација беа донесени посебни законски решенија кои
оставаат простор за поткопување на владеењето на правото.

– Извештајот укажува на недоволен напредок во справувањето со сивата
економија, иако забележан е импулсот што во овој домен може да го даде
преземањето на координацијата од страна на Министерството за финансии и
усвојувањето на новата 2023- 2027 Стратегија за формализирање на неформалната
економија со акциски план. Извештајот наведува дека мерките и стратегиите за
подобрување на бизнис окружувањето не се доволно систематски и конзистентни.
Покрај справувањето со сивата економија која ги поткопува буџетските
приходи, претставува и кочница за развој и конкурентност на формалниот бизнис –
појаснуваат од „Фајненс тинк“.

Тие исто така укажуваат дека во извештајот на ЕК нотиран е напредок
во однос на оптимизацијата на парафискалните давачки. Иако оптимизацијата е
бавна прифаќањето на акцијата од вклучените
општини е со задоволителна динамика.

Инсититутот укажува дека особено остра критика во извештајот има за управувањето
со државната помош.

– 
Ефектите од државната помош врз ефикасноста и
конкуренцијата сè уште не се оценети. Посебно се критикува државната помош
дадена на компании преку Планот за економски раст, нагласувајќи дека јавните
информации што ги дава владата за државната помош за компаниите остануваат
нецелосни, а критериумите за избор на корисници честопати се нејасни. Во
остатокот од економскиот дел, Извештајот се фокусира врз потребата од
структурни реформи за чие спроведување и резултати е потребен подолг рок, а тоа
се областите на човечки капитал, физичка и енергетска инфраструктура и
иновации, кои во најголем дел беа присутни и во претходните Извештаи –
посочуваат од „Фајненс тинк“. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy